(ФОТО) Македонските жени ништо не ги плаши, па ни Корона: Полни автобуси тргнаa кон Европа за прослава на празникот

0

Во екот кога голем број од светот е во паника поради Корона вирусот, прпораките се да не се патува доколку тоа не е неопходно. Истото важи за нашата држава каде веќе е регистиран првиот случај.

Министерот за здравство, Венко Филипче апелираше на неколку наврати да не се патува во ризичните регионо, но и на други места доколку тоа не е неопходно. Се откажаа културни настани во нашата држава, а спортските се играат без публика.

И покрај многуте најави и апели, сепак македонските жени не ги уплаши ништо, па ни Корона вирусот и веќе тргнаа на пат кон различни дестинации ширум Европа за прослава на 8-ми март.

Читател на „Галама“ ни испрати фотографии направен попладнево во град од истокот на нашата држава на кои се гледа како полни автобуси, претежно со жени се подготвуваат за пат.

„Само од нашиот град попладнево тргнаа пет двокатни автобуси, полно, поточно над 350 луѓе. Слушнав некои ќе одат за Виена, Будимпешта, Прага, Дрезден, Истанбул. Очигледно препораките за патувања ништо не им значат“, вели нашиот соговорник.

За очекување е на граничните премини да има зголемена фрекфенција на патници, а поради ситуацијата која е моментална, се очекува да има нешто поголеми задржувања од вообичаените.

Патниците од Милано и од Венеција кои пристигнуваат на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе пополнуваат прашалник за коронавирус, што е уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво бидејќи има сè повеќе заболени во Европа.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека бројот на заразени во европскиот регион е 3.365 пациенти и дека нови земји во кои е проширен вирусот се Андора, Летонија и Португалија.

 

Претходна статијаХотел од Галичник бара вработени – нуди астрономски плати за Македонски услови
Следна статијаПристигнаа резултатите за двајцата странци поради кои е блокиран хотел во Скопје