(ФОТО) Двата хотели на Орце Камчев веќе се опремени и подготвени веднаш да прифатат лица

0

Уште еднаш ја известуваме јавноста дека двата хотели Ибис Скопје – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“, кои „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ ги ставија на располагање по потреба на државата и на Министерството за здравство се комплетно опремени и подготвени ВЕДНАШ да прифатат лица на кои им е определена изолација.

На располагање се ставаат вкупно 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со 6 фамилијарни соби.

Сите соби се опремени соодветно на потребите и барањата за згрижување граѓани за кои е утврдено дека треба да се во изолација, од аспект на медицинска опрема и средства за дезинфекција.

За лицата ќе биде обезбедена храна и стручен медицински персонал. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик.

Доколку има лица кои ќе покажат симптоми на коронавирусот (Ковид-19), истите ќе се дислоцираат на посебен безбеден начин до локации кои Министерство за здравство ќе ги определи за третман на заболените.

Претходна статијаМВР се огласи до сите граѓани поради лажните наградни игри на социјалните мрежи
Следна статијаСашо Тасевски: Епидемијата излегува од контрола кога се дозволи да се вратат стотици печалбари од Италија и од каде не