Сашо Тасевски: Епидемијата излегува од контрола кога се дозволи да се вратат стотици печалбари од Италија и од каде не

0

Статус на Сашо Тасевски:

Непосредно пред полицискиот час, психијатаров си кажа, али во меѓуредови: Ако сте зрели, совесни, умни, одговорни, сами ќе си го ставите синџирот околу вратот. И него да си го слушате. Немој да не го слушате. И да му верувате.
Лукавоста на секоја власт е токму во тоа, да ги натера поданиците сами да си изберат ропство и да бидат контролирани, нормално кога ќе ги убедиш дека само таа власт може да ги спаси од некоја закана.

Само да знаете кога еднаш ви се одземени одредени слободи, потоа тешко се враќаат или таа власт, која и да е, ќе направи се тие неслободи што ги вовела, во некој мод да останат на сила што подолго.

Кога пред десетина дена овде објавив и побарав полициски час бев саркастичен, зашто знаев каде води сето ова. Тогаш се најдов под напад дека ширам паника. Последниве три дена полицискиот час сами си го побаравте за озбилно, без сарказам и експресно го добивте. Го побаравте откако со денови ги стигматизаравте сите кои излегле од дома.

Цут. Цут за секоја власт. Сега и да отиде епидемијата вон контрола и покрај сите вонредни мерки, и давате на власта оправдување да покаже на нас и да рече: Ете вие сте виновни. Не бевте послушни.

А епидемијата излегува од контрола не затоа што некој излегол да прошета пола саат, туку заради нечија аљкавост несовесност и незрелост, да реагира тогаш кога требаше, кога се дозволи да се вратат стотици печалбари од Италија и од каде не, каде короната веќе беснееше. Таа заразената лекарка Цаца кој ја пушти во земјава, од скијање во Панорама дела Пичоре? Јас или оние на влаС?

И уште ова…

Вирус под контрола не ставате. Не овде. Ќе си оди ко ќе му здосади. Ни полициски час, ни инквизиција. Му се прди за нив на вирусот. Но, бидете сигурни, ќе си најде другарче да го замени. Ропството мора да опстане

Претходна статија(ФОТО) Двата хотели на Орце Камчев веќе се опремени и подготвени веднаш да прифатат лица
Следна статијаПред да го клоцнам столчето на вратата ми затропа ова дете и ми го спаси животот