(ФОТО) Докторот Лазаров објави дел од навредите кон него: Чисто да ви е јасно со кого делиме воздух

0

Како што денес пренесуовме, младиот лекар Ненад Лазаров кој е мошне активен на социјалните мрежи с сподели дека добил непријатни пораки и закани.

„Кој сум ја бе луѓе па да ми претите и пцуете у инбокс од лажни профили, и со што сум заслужил? Пуштете си малку музика, прочитајте нешто, ниту ја го донесов, ниту ја ќе го однесам од овде вирусот. Кој сака и го интересира, нека ме чита, кој не, блок и воздра.Крај краева,нормално е да не сака секој директни момци ко мене.“,

Вечерва пак Лазаров се реши да јавно да објави дел од заканувачите и навредливите пораки и притоа упати нова јасна порака.

Еве само дел, ова се исклучоци, но чисто да ви е јасно со кого делиме воздух…

Еве само дел, ова се исклучоци, но чисто да ви е јасно со кого делиме воздух…

Публикувахте от Nenad Lazarov в Петък, 13 март 2020 г.

Како што е познато Владата донесе одлука за воведување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, четири нови пациенти од Дебар позитивни на корона вирус.

Пациентите кои се позитивни на корона вирус се стабилни, освен првата пациентка од Дебар, која беше примена со нејзиниот сопруг. Таа има дополнителни влошувања на состојбата и на граница е за да биде поставена на механичка вентилација. Специјалистите се надеваат дека со цела дополнителна терапија ќе го надмине овој период, но подготвени се и доколку има дополнително влошување, согласно параметрите и сатурацијата на кислород, да биде поставена на машина за дишење.

Утрово, со соопштение информиравме за вчера тестираните лица за кои беше поставена индикација во текот на попладнето – сите се негативни. Денеска дојдоа за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје од Дебар, за уште 10 лица во врска со втората група хоспитализирани пациенти од вкупно 24, сите во домашна изолација. Од нив 10 покажале знаци за горно респираторно заболување.

Локалниот епидемиолог зел материјали за анализа и ги прати на испитување – четири од нив се позитивни. Тоа значи уште четири нови пациенти, кои ќе бидат префрлени на Универзитетската клиника за инфективни болести. Сите четворица се со лесна клиничка слика. Тоа беше причина зошто дополнително со членовите на Комисијата за заразни болести утрово се разговараше, а тие информации ги изложивме и пред Управувачкиот комитет за управување со кризи.

Управувачкиот комитет предложи да се воведе кризна состојба на овој дел во општините Дебар и Центар Жупа и веднаш потоа на седница на Владата се донесе оваа мерка и одлука за ограничување на движењето на луѓето кои живеат во овие општини. Согласно Законот, во следните 24 часа веќе е закажана седница на Комисијата за заразни болести и на Управувачкиот комитет, уште една во тек на попладнето за да се разработи оперативниот план, за детали во однос на тоа како ќе се функционира во рамки на овие општини, каде сега е кризна состојба. Врз основа на тие заклучоци и мерки, кои ќе се донесат во текот на попладнето, на прес-конференција или со соопштение ќе ја информираме јавноста.

Претходна статијаВерниците ги наполнија џамиите и велат: Каква опасност, нема опасност
Следна статијаВладата бара од Претседателот Пендаровски и припадници на армијата да се вклучат во справувањето со кризата