Една трансакција на сметката на Катица Јанева предизвика најголемо внимание: Познато од каде и стигнале пари

0

Во Кривичнот суд Скопје, денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“. За денеска е предвидено да се започне со презентација на материјалните докази на второобвинетата поранешна специјална обвинителка, Катица Јанева.

Одбраната на Катица Јанева започна со презентација на материјалните докази. На денешното рочиште за „Рекет“ прво беше пуштена емисија од 1ТВ во која Јанева говори за одредување на мерката куќен притвор. Таа сметала дека мерката куќен притвор дека што помалку да се одредува доколку осомничените соработувaат со истрагата и дадат гаранции дека нема да бега.

Сепак она што предизвика најголемо внимание е трансакциската сметка од НЛБ банка од 1.9 2018 до 1.9 2019 година и оти на сметката се гледа дека Јанева покрај платата на 5.7 2019 година имала и уплата од Владата.

Адвокатот Дељо Кадиев не наведе за што се однесува уплатата од Владата на личната сметка на Јанева.

Одбраната на Катица Јанева побара јавноста да биде исфрлена од презентирањето на денешните материјални докази, поради заштита на деловни тајни и степенот на доверливост на одредени документи од предмети на СЈО што се во истражна постапка.

Претходно, пак, адвокатите на Јанева презентираа неколку докази кои според нив треба да покажат дека таа не ја зголемила својата имотна состојба. Адвокатите го приложија анкетниот лист доставен до ДКСК од кој наводно може да се види дека нема зголемување на имотот, освен една полиса за животно осигурување и земените кредити.

Беше приложено и решение од Советот за јавни обвинители за разрешување на Јанева како прв човек на СЈО, во кој наведените причини не претставуваат кривично дело.

Исто така, беше приложен и одговор од „Стопанска банка“, добиен по поднесено барање од Лиле Делиџакова, сестра на Јанева, дека одземениот телефон „епл“ бил добиен на наградна игра од банката за самата Делиџакова.

Приложена беше и листа за уплати на сметката на „Систина“ извршени од сестрата на Јанева дека нивниот татко Костадин Делиџаков се лекувал во болницата. Со ова одбраната сака да докаже дека не станува збор за никакво коруптивно однесување туку за плаќање на лекувањето со што треба да се побие сведочењето на Ана Камчева содржани во снимките на „Ла верита“.

Претходна статијаМиле Кузмановски со емотивна исповед: Ќе беше жално да го оставам
Следна статијаСите мерки на македонската Влада за спречувања на Корона вирусот