Државата во која живеат многу Македонци воведува казни и до 25.000 евра поради Корона

0

Властите во Баварија воведоа ограничувања за излез од дома за спречување на коронавирусот. Ова мерка ќе важи во следните две недели нагласи премиерот Маркус Зудер. Ќе постојат само строги исклучоци кога ќе може да се излезе од дома, пренесува „Welt.de“.

„Го затвораме јавниот живот скоро целосно“, рече Шудер. Според сите експерти, ова е единствениот начин да се сречи ширење на вирусот. Од сабота, излегување од сопствениот стан е дозволено само ако има добри причини-рече созузниот премиер.

Забраната вклучува шопинг, посети на доктор, одење кај партнери, но и спорт и вежбање на свеж воздух.

Сепак властие велат дека не се работи за класичен полициски час но оти мора да се седи дома. Во случај на напочитување има казни и до 25.000 евра. Не правете забави дома, не ги поканувајте ни соседните деца-вели Зудер.

Рестораните исто така ќе бидат затворени и можни се само испораки. Покрај во Баварија, состојбата со короната е критична во Северна Рајна Вестфалија. Засега во Германија има 15.000 заболени.

Германските медиуми пишуваат дека жестока кавга се случила во еден супермаркет во Бремен, откако жената што пазарувала одбила да прифати дека и е дозволено да купи само еден пакет тоалетна хартија

Жената почнала да се кара со продавачката заради ограничувањето што е воведено заради епидемијата од коронавирусот, а потоа и ја удрила, пренесува новинската агенција ДПА.

Претходна статијаСе бара парична казна за уште еден лекар – познато за што се терети
Следна статијаМилчин бара од Мицкоски веднаш да го разреши Николоски