Докторот Стојаноски: Сега повеќе од било кога сме му потребни на здравствениот систем

0

Синиша Стојаноски, доктор од Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина. Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

„Општа паника и последователен хаос само ќе ја влошат состојбата. Обвинувањe и покажување со прст, нема да промени во моментов апсолутно ништо на подобро.

Одговорност од надлежните институции и крајно неодговорните поединци секако треба да се побара и да има, но само откако ќе се стави ситуацијата целосно под контрола.

Не требаше и не смееше да се релативизира оваа епидемија и овој вирус, но што е, тука е…. Мерките и препораките се јасни! Епидемиолошкиот пристап да важи за СИТЕ, БЕЗ ИСКЛУЧОК!!! Да се заштитиме и себе и луѓето околу нас.

Во контекст на новонастанатата ситуација и секако во интерес на зачувување на присебноста, особено на здравствените…

Публикувахте от Sinisa Stojanoski-Daci в Понеделник, 9 март 2020 г.

Колеги и целиот здравствен персонал, да се одважиме, да останеме присебни и да застанеме во одбрана на здравјето на граѓаните! Сега повеќе од било кога сме му потребни на здравствениот систем. Место за паника не смее да има. Хипократовата заклетва не обврзува на тоа!!!-порача тој.

Целосно затворена во следниве две недели ќе биде Клиниката за кожни болести, персоналот ќе биде во двонеделна домашна изолација, а пациентите веќе се пуштени дома, велат од Министерството за здравство.

Оваа одлука доаѓа откако утврдиле дека директорката на Клиниката, која пред пет дена се вратила од Италија, а во меѓувреме одела на работа, е позитивна за коронавирус.

Во моментов во Клиниката се присутни епидемиолози и уште неколкумина вработени, и ги подготват просториите за дезинфекција.

За пациентите се смета дека можат да го продолжат лекувањето и во домашни услови.

Претходна статијаМицкоски и Николовски денес во Будимпешта имаа средба со Орбан
Следна статијаМасон од Србија во емисија кај Васко Ефтов тврди дека Путин е сменет и сега е само ,,фигура”