Докторот Ненад Лазаров: Слушате ли бе луѓе нешто вие -катаклизма ќе ни се деси

0

Лекарот Ненад Лазаров кој е мошне активен на социјалните мрежи особоено за актуелната состојба со Корона вирусот, повторно денес имаше што да сподели:

Морав итно до ГТЦ до салон на А1, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!

Пред дуќани пушат цигари со ракавици и на нив и маска спуштена под брада, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици!

Слушате ли бе луѓе нешто вие, гледате ли тв, катаклизма ќе ни се деси, очигледно џабе трубиме!Каква е оваа вонредна состојба???

Не ни ги трошете маските и ракавиците залудно, по ординации немаме СКОРО НИКАКВА заштита ради неписмен народ кој апсолутно погрешно ги користи, а купува и последна количина!

Големи компании, наместо на вработените, донирајте заштитен материјал на ординации, вашите вработени е сосема доволно ако им наложите да мијат раце по секој контакт со муштерија!

Ем нема да создавате дефицит, ем ќе помогнете директно!

Не постои закон кој наложува, дури и во ратна состојба, медицинскиот персонал да мора да работи незаштитен!

Ако нема средства е друго, прв ќе одам, мора да се работи, ама вака, пуштање низ река е ова на и онака дефицитарен број медицинари!

Ова ќе се случи и кај нас многу набрзо, само пошто кај нас нема тестиси, ќе се отвораат боледувања.

И никој нема да има право да рече дезертери, зошто голи и боси сме, а сме изложени директно!

Претходна статијаФилипче најави: На готовност уште една болница во Скопје поради Корона
Следна статијаДац: Ако некој случајно заѕвони на врата, сите се укопуваме во место