Вечерва агенција одбива да ги врати парите на патниците и ги убедува да тргнат на пат преку границите

0

Министерот за здравство Венко Филипче од областа на транспортот, ги презентираше препораките кои на предлог на комисијата за заразни болести на владина седница беа усвоени.

– Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

– Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.

– Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Македонија.

– Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства.

– Владата им препорачува на сите владини и државни институции, како и на јавните претпријатија да ги откажат сите патувања или да ги организираат предвидените состаноци преку интернет комуникацијата.

Но за жал има и такви агенции кои и покрај се се решени да заминат, а еден таков случај е со агенцијата „Нехар“, пренесува „Слободен Печат“.

Имено вечерва на паркингот пред спорскиот комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје патниците кои уплатиле за четиридневна тура насловена како „Јадран Турс“ за Црна Гора си ги бараат парите назад, но сопствениците на агенцијата според патниците одбиваат да ги вратат и им велат да тргнат на предвидената релација.

Останува да видиме дали сепак ќе се тргне на пат, а надлежните од утре ќе треба да го разгледаат овој случај. Филипче најави дека ќе бидат преземени сите потребни мерки доколку не се почитуваат препораките.

 

Претходна статијаСпуштена рампа: Странски граѓани вратени од границата – не може да влезат во Македонија
Следна статијаФилипче е неуморлив: Министерот се огласи на полноќ