Слаџана Велков е една од најконтро верзните лекари на просторите на поранешна Југославија, но истовремено и доктор кој има најмногу следбеници на социјалните мрежи.
Таа со години наназад се бори против вакцините, а нејзините колеги остро се спротивставуваат на нејзините ставови и ја сметаат за најв иновна на ови простори, за опаѓањето на процентот на вакцинирани и евентиално враќање на превентабилните болести.
Таа е поборник на јадење сирова храна, веганство и тврди дека со овој начин на исхрана, можат да се лекуваат дури и најопаките болести. Како прилог на овие свои тврдења, таа го дава примерот на некои животни кои јадат трева, а се снажни и полни со мускули.
Поради сето ова, Слаѓана Велков е на ,,тапет” на властите во неколку земји, а во Србија дури се покрена иницијатива да се испита дали таа навистина завршила медицински факултет, бидејќи нејзините тврдења се во спротивност со официјалната медицина.
Велков во последните неколку години не е толку активна на социјалните мрежи и трибини, но не пропушта да се произнесе и за актуелниот корона вирус.
Таа во коментари на пост на својот профил, вели дека и овој најнов вирус е плод на фармацевтските компании кои се желни за профит. Таа смета дека ситуацијата не е воопшто сериозна:
,,Нема што да излезе од контрола. Ова е најобична прехлада која може да има влијание само кај постари и имуно искомпромитувани луѓе, како и секоја друга прехлада”, пишува Велков.
На прашањето на нејзин фан, а што е со сцените кои ги гледаме во Кина, таа смета дека сето ова е добро изрежирана представа, а луѓето во скафандери се најобични актери.
Во прилог на овие нејзини тврдења, одат и официјалните извешта дека во Вухан, заболени се нешто под еден процент од населението, а во глобални рамки, сезонскиот грип, барем засега, изгледа дека е помоќен од Корона.
Но официјалните власти и реномирани епидемиолози не велат така. Тие донесоа и применуваат низа мерки за превентивна заштита на граѓаните, како што е контрола на границите и аеродромите, како и изолација на пациенти кои е можно да бидат заразени.
Препораките за луѓето кои се враќаат од ризични региони се тие да се самизолираат во таканаречен домашен карантин 14 дена, определениот период на инкубација, за да се види дали ќе им се појават некакви симптоми.
Доколку пак чувствуваат некакви симптоми, треба веднаш да побараат помош во најбликата медицинска установа, како постои јасен протокол за постапување при вакви случаи.
Личната хигиена и темелното миење на рацете се исто така важни препораки од епидемиолозите. Предвидувањата се дека со затоплувањето на времето, би се намалил пикот на Корона, но дали ќе биде така, останува да видиме.