Бев најдобра мајка сè додека не го родив него – хронично сум ненаспана и нервозна

0

Една мајка открива како ја спознала магијата на предизвикот да се биде родител дури со второто свое дете. Како е да се одгледува тешко дете, особено откако претходно сте имале искуство со кротко и мирно дете.

“Некогаш бев најдобрата мајка, сè додека не го родив својот син. Првата година после неговото раѓање всушност беше опстанок и преживување. Дури и мојата мајка ми призна дека никогаш не видела вака тешко бебе.

Се сеќавам на тоа јулско утро со живописни детали. Појадокот сè уште беше на маса, а на мојата пижама имаше исушени дамки. Сè тече наоколу, почнувајќи од моите гради, а чашите на Ана кои се расрфлани насекаде, од моите очи, бидејќи помина само една недела од пораѓајот, па истовремено бев среќна и тажна…

Детево се прозева, што е прв знак дека му се спие и дека ќе заспие, па го сместив во нашата спална соба веднаш откако мојот сопруг замина на работа. Првиот ден бев сама и бев доста нервозна.

Цврсто го завиткав во пелената и го оставив во проветрена просторија со совршена температра. Беше поспан од доењето, па го погалив по обравчињата и полна со самодоверба му прошепотив “Убаво нанкај ангелче мое”.

Овојпат бев искусна и точно знаев како треба да се успие бебе. Читав многу и од книги, знам еории и влошив доста од моето време за да се едуцирам. Ова не ми беше прво дете.

Меѓутоа, само после 28 минути го слушнав како плаче и не ми се веруваше. Според мое мислење, нешто помалку од еден час не е доволно за спиење, па веднаш дотрчав во собата за да му дадам цуцла и тоа да му го објаснам.

Уште ја немав испразнето машината за перење садови, а да не зборувам за забите, воопшто не стигнав да ги измијам, а немав време ниту да ја облечам неговата постара сестричка. Не, само 28 минути не ми беа доволни. Помислив дека ова е само случајност.

Но, тоа се повтори и следниот ден, и денот после него и секој следен ден. Тоа почна да се случува после секое спиење и претпладневното и попладневното. Секој ден кој изминува е само уште еден обид за неуспешно дремнување и одеднаш поминуваат три седмици, а јас се прашувам, дали е возможно едно толку мало дете да спие толку малку.

Тој знае само за 28 минутно дремнување, а јас веќе ништо не знам. Не можам да го натерам да заспие, не можам да го наведам да го продолжи спиењето, а единствено не плаче кога го држам или го дојам.

Воопшто не морам да ви раскажувам како изгледа возењето во автомобил. Месеците поминуваа а тој веќе наполни четири месеци и сèуште не спие.

Одлучив да бидам храбра, па кога луѓето ме прашуваат “како оди”, јас им ја кажувам вистината – дека навистина ми е тешко. Реакциите не беа охрабрувачки. Ми велеа “тој е новороденче, такви се сите, моето дете беше такво и денес има три години и сè уште не спие добро”, “не можеш да го држиш додека чистиш со правосмукалка, денес има супер носилки за бебиња”?

Добив паметни идеи од мајки кои сигурно не морале да го држат својот син од 9 кг додека чистеле по дома, додека неговата поголема сестричка моли и таа да биде подигната во раце.

Никој вистински не ме разбираше дека всушност не барам совет за тоа како да бидам родител или како да тренирам спиење, туку само сакав потврда. Повеќе од сè, посакувам некој да ме сретне во оваа грозна ситуација на плачење и неспиење и да ми каже “да, тешко ти е.” Не е лесно со него, секогаш е нервозен. Оправдано сум исцрпена.

Поминуваат месеци и месеци без многу спиење. Моето дете расте, ама си продолжува по старо. Се чини дека неговата чувствителност, упорност и тврдоглавост само се зголемуваат, без оглед на техниките кои ги испробуваме.

Да не ме сфатите погрешно, имаме убави моменти со насмевки и мојата љубов кон него е огромна и заштитничка, но истовремено не ми се допаѓа каков е.

Неколку пријатели ме прашаа дали можеби станува збор за постпородилна депресија и иако претпоставувам дека и тоа е можно, сепак мислам дека едноставно сум измачена.

Постојаната врева и обврските ме проголтаа, како да нема светло на крајот од тунелот. Дали некогаш ќе биде среќен? Дали јас некогаш ќе бидам среќна?

Кога наполни седум месеци, ги повикав моите родители да ми помогнат. Ми беа потребни 24 часа без да слушам плачење и вревење. Со сопругот заминавме на викенд со спиење.

Кога се вративме, мајка ми која е позната по тоа што многу умее со деца, ми рече дека супер си поминале. Но, додаде, дека тој е тешко дете. Ти твоите браќа и сестри никогаш не сте биле толку тешки.

Подоцна, му пренесов на сопругот што ми рече мајка ми и почнав да се смеам како никогаш претходно, откако се роди тој. Зборовите на мајка ми за мене беа пресвртница, делумно бидејќи ги потврдија моите чувства, но и затоа што ненамерно ми даде дозвола за преиспитување на почетната линија.

До тој момент мислев дека поголемиот дел од детското однесување се поклопува со родителските вештини.

Иако сè уште мислам дека мајките и татковците играат голема улога во воспитувањето на детето, сепак верувам дека некои деца си се раѓаат со сопствени идеи. Со мојата ќерка имав поинакво искуство и затоа мислев дека мојот начин на одгледување има голема улога во нејзиното однесување и добрите навики за спиење.

Меѓутоа, син ми докажа дека тоа нема никаква врска. Некои деца се одлични во математика, а некои се подобри во раскажување, некои се надарени спортисти, а некои се природно слатки, а некои природно темпераментни.

Син ми за неколку недели ќе полни две години. Сè уште поминува голем дел од времето во мојот скут и во плачење. Истовремено, тој може да се заигра сам и да спие како шампион.

Веќе не мислам дека сум најдобрата мајка како порано, но ми се чини дека за него сум, а тоа ми е единствено важно. Овие денови се обидуваме да не го нарекуваме повеќе “тешкиот” и “тврдоглавиот”. Едноставно го викаме Огнен. И без сомневање, неговото мислење и упорноста еден ден ќе го променат светот. Само мора прво да ми дозволи да го спуштам.”

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаФОКУС: Лекарка од Македонија вели дека ова со Корона намерно се прави
Следна статијаВаско Ефтов: Ќе бидам трет медиумски фактор во Македонија, после Канал 5 и Сител