Берниса од Скопје: Другари, додека го пиете еспресото помислете дека нечии мајки и татковци деноноќно работат

0

Негрижата и индолентниот однос на Македонците кои беа ослободени од работа за да седат дома и да ги чуваат своите деца, ги поминува сите граници. Кафулињата се преполни со средношколци, парковите и трговските центри со мајки кои туркаат колички, па седнуваат и на кафе на места во кои има голема концентрација на луѓе.

Предупредувањата се дека вака слично се однесувале и Италијаните, а потоа им се случи тоа што им се случи, па сега нема човек по улиците. Апелите се да се дојде при разум, за да не ни се случи и нам Италија.

Во тој контекст и еден статус на младата скопјанка Берниса Рахиќ:

,,Другари… додека нечии мајки и татковци посветено, деноноќно работат на клиниките изложувајќи се себе и своите најблиски на ризик со цел да спасат нечии други мајки, татковци, ќерки, синови крајно е некоректно и нечовечки да не се почитуваат препораките кои секој ден со ИНКА во глава се обидуваат да ни ги стават надлежните.

Понуда еспресо + кока кола за 150 денари нема да ви избега, ќе им текне на угостителите и по завршување на пандемијата прогласена на светско ниво, повторно да ја актуелизираат.

Сонцето уште посилно ќе свети, побогу, пролет иде! Во меѓувреме, седнати на кафе коментирате како е министерот неспособен, како немаме капацитети, идеја и ресурси да се справиме со вирусот. Не бе другари, не е министерот неспособен, вие сте.

Со самото тоа што немате капацитети да ја разберете сериозноста на ситуацијата и да ги применувате препораките дадени од надлежните. Министерот и докторите за жал се само луѓе од крв и месо, немаат моќ памет да ви дадат, толку се можело кога ве правеле.

И за крај, ако е нефункционален здравствениот систем, неспособни лекарите и министерот тогаш останете дома, зошто ако се разболите пиејќи еспресо и кока кола на тротоар како ќе ве лечат такви неспособни? Грижата на секој еден од нас првенствено кон себе е грижа за целото општество. Да се грижиме за јавното здравје!”

Претходна статијаМНР објави каде треба да се јават државјани на Македонија кои се заглавени по граници и аеродроми
Следна статија(ФОТО) Некој сериозно си ја сфати работата – Сити Мол ревносно се бори против заразата