Статус на Ана Вавлукис кој е македонски докторанд:
Моментално се наоѓам во Барселона, некаде од крајот на февруари (кога бројот на случаи со COVID 19 вирусот тука беше занемарлив). Ја работам мојата докторска дисертација во полето на липидомиката и протеомиката, теми кои желно сакам да ги споделам дома, во врвен институт со врвни научници.
Но, како што ескалираше ситуацијата со бројот на инфицирани и заболени во Шпанија, Институтот се затвори и јас решив додека е време да се вратам дома. Но и покрај големото добредојде на нашиот врвен владин состав, да го направиш истото во моменти кога сите граници и аеродроми се затвараат, а летови се откажуваат во рок од часови откако штотуку си ја купил картата, е практично невозможно.
По купени бројни карти и пропаднати летови, по добронамерен совет на официјални лица од мојата држава, купив карта за релација Барселона-Франкфурт-Солун, со надеж дека нашите ценети соседи ќе ме пуштат да поминам граница кон домашна само-изолација.
Сакате да знаете што значи “пријателска, високоразвиена западна цивилизација”?
Иако Германија (Франкфурт) ми беше само транзит земја, крајна дестинација ми беше Грција, вчера поминав 7 часа, во изолиран дел за луѓе без дефиниран транспортен статус, без тоалет, апарат за вода или приклучок за струја, каде доколку имав потреба да одам до тоалет требаше да бидам со полициска придружба.
Да појаснам од каде произлезе овој проблем: Земјите членки на ЕУ една по друга донесуваа нормативен акт со кој се забранува влегување во нивните земји на граѓани од не-ЕУ земји, со цел заштита од ширење на заразата. Овој нормативен акт е донесен во согласност со EU регулативите (од 2016 година), но се однесува на патувања во шенген зоната (26 земји членки, според последната листа од 3-ти февруари 2020, каде не припаѓа Бугарија).
Ваквиот акт стапи на сила во Грција на 18-ти март, а во Бугарија на 20-ти март, додека мојата авионска карта веќе претходно беше купена. Но, во овој акт се разбира има и отстапки од ова ограничување, од кои едното се однесува на здравствени работници и истражувачи кои се непосредно поврзани со активности во правец на подобрување на актуелната состојба.
Токму вакви документи поседував јас, како вработена во најголемата национална фармацевтска компанија Алкалоид во доменот на моите работи и работни задачи, но и како истражувач со доказ од истражувачкиот центар во Барселона. Се разбира, милициските службеници во Франкфурт останаа незаинтересирани за овие приложени документи, и ја продолжија процедурата со барање согласност од нашите соседни земји.
Во суштина изборот беше само од две во кои сеуште имаше активен воздушен сообраќај (Солун, мојата примарна одредница), или Софија, како алтернатива понудена од германските власти.
Ќе го разберете моето разочарување кога ниту еден од нашите ГОЛЕМИ ПРИЈАТЕЛИ – БУГАРИЈА И ГРЦИЈА, не даде согласност да слетам на нивните аеродроми како не-ЕУ граѓанин, и веднаш да заминам во мојата домицилна земја во само-изолација.
Голема благодарност до МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДИ во ГРЦИЈА, БУГАРИЈА и ГЕРМАНИЈА, кои СЕ САМОПРОГЛАСИЈА ЗА НЕМОЌНИ ДА ПОСРЕДУВААТ ВО ВАКВИ СИТУАЦИИ (зарем тоа не е една од целите на дипломатските и конзуларните претставништва – да бидат во служба на граѓаните кога тие се наоѓаат надвор од матичната земја), дури иако Амбасадата во Германија беше претходно известена за моето движење, и повторно контактирана на денот на патувањето (безуспешно).
Конечно после 7 часа поминати во просторија во која ниту по една флаша вода не ни беше понудена, а истата ја немаше во просторијата, без да бидеме на било каков начин известени, ни беа врачувани бординг карти за земјата од која сме дошле. Некои од присутните беа упатувани дури и во земји во кои никогаш не биле (граѓанин на Бразил беше упатен за Шпанија).
Потоа, КАКО ТЕРОРИСТ, придружена од двајца НАОРУЖАНИ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ бев проследена и внесена до моето назначено седиште, со уште 20-ина патници со иста несреќа како мојата, да бидам вратена веднаш во БАРСЕЛОНА (одлука донесена за, а не од мене)!
Полициска бруталност можеби!?
П.С. Пред да си одам ме натераа да потпишам ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ГЕРМАНИЈА по основ – ПРЕТСТАВУВАМ ЗАКАНА ЗА ЈАВНИОТ РЕД И МИР, ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСТ, ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ИЛИ МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ НА ЕДНА ИЛИ ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ!
Господине Никола Димитров – Nikola Dimitrov како оди рекапитулацијата на нашите граѓани ‘заробени’ во странство? Embajada de la República de Macedonia del Norte en España имате ли барем идеа како би не вратиле дома?
Или да чекам при наредниот обид да се вратам во земјата, која и покрај се ја сакам и е моја татковина, ДА МЕ УАПСАТ?
Не ви бегаат младите умови, САМИ ги бркате