Познато каков лек ќе се користи во Македонија за лечење против Корона

0

инистерот Венко Филипче рече дека побарале земјава да довие од лековите кои се користат како терапија против маларијата за да може да се користат во лекувањето на заразените од коронавирус. Одговор од компанијата која ги произведува овие лекови, очекуваат во текот на наредната недела.

„Ние во текот на вчерашниот ден бевме контактирани од меѓународното претставништво одговорно за целиот овој регион од Европа и го покажавме интересот да добиеме соодветна количина на лекови согласно бројот на пациенти и согласно населението. Во текот на следната недела го очекуваме одговорот од ова претставништво на таа компанија“, рече Филипче.

Тој посочи дека станува збор на терапијата со кинини бидејќи има публикации во кои се вели за лекување на пациенти се користи хидрохлоркининот комбинација со азитромицрин – група на антибиотици.

На прашањето дали има потреба студенти по медицина да се вклучат во борбата против коронавирусот и да им помогнат на лекарите, министерот рече дека таква потреба засега нема.

– Спремни се мерките до Владата. Очигледно е непочитување на препораките. Има сериозна бројка на граѓани кои не го сфаќаат сериозно ризикот од вирусот. Мерките ќе ги заостриме и тие ќе дадат резултат само ако целосно се почитуваат. Сега сме во фаза кога бројот на заразени пациенти расте, а кога се споредуваме со другите земји, нашата крива е поблага. Тоа се должи на мерките што досега беа спроведени, а со нивно заострување ќе опадне и бројот на новозаразени – објасни министерот.

Филипче објасни дека заразените пациенти кои имаат и други здравствени проблеми ќе можат да бидат оперирани во скопската болница „Осми септември“.

– Имавме состанок со директорите, а на состанокот беа присутни и епидемиолозите. Во болницата „Осми септември“ веќе е поставена патеката на движење на заразените пациенти кои имаат потреба за друга интервенција. За нив има посебни амбуланти, посебни соби, посебни кревети и посебни машини – рече Филипче.

Претходна статијаОбјавено колку нови случаи со Ковид има во Македонија
Следна статијаАна, докторанд од Македонија при обид од Барселона преку Франкфурт да си дојде дома открива што и се случило