Албанија со радикален потег, треба ли да го следи и Македонија

0

Откако армијата денеска излезе на терен внимателно да ја следи ситуацијата во врска со спроведувањето на мерките против ширењето на коронавирусот, албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево најави нови мерки.

Според Рама од утре до понеделник режимот на движење се менува, затоа што, како што наведува, немаме ниту час, а не денови за губење во едукација на непослушните.

– Така од утре движење ќе биде дозволено од 5:00 до 13:00 часот. Ова ќе важи и за трговските објекти за продажба на храна, за лекови или банкарски услуги. Движење ќе им биде дозволено единствено на припаднците на армијата, на полицијата, специјалните државни служби и медиумските компании – најави Рама.

Дел од армијата, заедно со полицијата, ќе се вклучи во обезбедување на витални објекти

Владиниот прес-центар кој изминатиот период беше главното место за добивање информации за ситуацијата со коронавирусот од денеска ќе биде празен.

„Со оглед на вонредната состојба од денеска прес-конференциите на владата ќе се одвиваат без присуство на новинари“, рече Соња Јанковска, портпаролка на Министерството за земјоделство на Северна Македонија.

По воведувањето вонредна состојба што кај дел од граѓаните доведе до панично купување прехранбени производи, владата уверува дека нема да недостасуваат основни намирници.

Претходна статијаЧулев се жали: Не ме додаваат во Вибер групата на Владата
Следна статијаНaшите соседи се подготвуваат – во Бугарија спортка сала претворена во импровизирана болница