Зоран Заев вчера гостуваше во „Еден на Еден“ кај Жаре, а меѓу многуте приватни и професионални приказни, раскажа за своите студентски денови, за детството, за семејството, за својата прва работа, за она што најмногу го исполнува во слободно време…
На прашањето на Жаре од кога постои неговата љубов кон моторите, Заев вели од детството.
Од дете, од средно школо, кога брат ми рече втора година повеќе не одам, како може директорот да е со основно, не сакаше повеќе на школо да оди, па татко ми му купи мотор за да оди, открива Заев.
Екс-премиерот во гостување на „Еден на еден“ на Канал 5 говореше за своето детство поминато во родното Муртино и раните денови поминати во ова село.
„Јас до 1993-та година одев да копам на нивата во Муртино, моето родно место. Тогаш се вадеа пари доста од земјоделието и тоа се продаваше на пазарите во Србија, Босна. Поминав 4-5 години на пазарите низ Србија, го продавав родот. Кога се вратив од студиите во Скопје, бев магационер една година во фирмите на мојата фамилија. Па истоварав половина шлепер, тоа е убаво искуство. Јас велам, не мора веднаш директор да се стане“, истакна Заев.
Екс-премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на „Еден на еден“ на Канал 5 говореше за своето детство поминато во родното Муртино и раните денови поминати во ова село.
„Јас до 1993-та година одев да копам на нивата во Муртино, моето родно место. Тогаш се вадеа пари доста од земјоделието и тоа се продаваше на пазарите во Србија, Босна. Поминав 4-5 години на пазарите низ Србија, го продавав родот.
Кога се вратив од студиите во Скопје, бев магационер една година во фирмите на мојата фамилија. Па истоварав половина шлепер, тоа е убаво искуство. Јас велам, не мора веднаш директор да се стане“, истакна Заев.
– Живеам како студент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам – изјавил Заев.
На прашањето на Жаре, како се храни, тој рекол: „Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“. Заев зборувал и за семејството, за детството во Муртино и за својата прва работа од која ги заработил првите пари.