(ВИДЕО) Екс премиерот Заев откри како се храни и што јаде

0

Зоран Заев поранешниот премиер, а сегашн лидер на СДСМ вели дека е азилант во Скопје и живее сам во премиерската вила.

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му открил многу лични приказни, велат од Продукцијата.

– Живеам како студент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам“, изјавил Заев.

На прашањето на Жаре, како се храни, тој рекол: „Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“. Заев зборувал и за семејството, за детсвото во Муртино и за својата прва работа од која ги заработил првите пари.

Зоран Заев е роден на 8 октомври 1974 година во Струмица. Родителите на Заев имаат потекло од струмичкото село Муртино. Заев основно и средно образование завршил во родниот крај. Дипломирал на економскиот факултет во Скопје во 1997 година, а потоа се запишал на магистерски студии на истиот факултет, на студиската програма по монетарна економија. Оженет е со Зорица Заева со која има две деца.

Професионалната кариера ја започнал во фирмата „Тргопродукт“ – Струмица каде работел во периодот 1997–2003, а во 2001 бил именуван за директор на истото претпријатие.

Бил член на управниот одбор на штедилницата „Пеон“ во периодот 1998–2003, како и член во управниот одбор на индустријата за градежни материјали „Еленица“ од 2001 до 2003 година. Во периодот 2000–2003 ја вршел функцијата претседател на управниот одбор на јавното претпријатие „Комуналец” – Струмица.

Заев станал член на СДСМ во 1996 година. Во два мандати бил член на претседателството на општинскиот одбор на СДСМ во Струмица. Во ноември 2002 станал член на централниот одбор на СДСМ, а бил пратеник во Собранието на Македонија во периодот 2003–2005.

Претходна статијаРашела Мизрахи: Моите рамења се спремни да бидат потпора за оние кои ќе се уморат
Следна статијаКакво време дојде: Германците спасот го гледаат во Македонците – допрва ќе ја празнат државата