Какво време дојде: Германците спасот го гледаат во Македонците – допрва ќе ја празнат државата

0

На Германија и е потребна работна сила и владата го забрзува процесот на доселување на странски работници. Во Бон е отворена нова служба која ќе го координира признавањето на дипломите и квалификациите.

Германската економија е зависна од доселување. Сојузната влада затоа започна програма за привлекување на странски стручњаци под мотото „Make it in Germany“ (Успејте во Германија). Тоа е национален приоритет.

„Без странските стручњаци нема да можеме да ја одржиме нашата благостостојба.

Не можеме едноставно да чекаме на тие луѓе, ние мора да се потрудиме околу нив“, изјави министерот за труд Хубертус Хајл.

Германскиот Завод за статистика тврди дека бројот на работно способни граѓани во државата ќе се намали за четири до шест милиони до 2035 година. Во многу бранши владее недостаток на работна сила. Според наводите на Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), дури 56% од фирмите го сметаат недостатокот на работна сила за најголем ризик за бизнисот.

Сојузната влада конечно ги прифати апелите на стопанствениците и веќе некое време засилено работи на создавање претпоставки за привлекување стручњаци од странство. По долготрајна дебата усвоен беше Законот за доселување на стручна работна сила, со кој сојузната влада призна дека Германија е доселеничка земја- и тоа шест децении по првиот голем бран доселеници.

Примарната цел на законот е да им се олесни на странските работници пристапот до германскиот пазар на труд- и тоа практично во сите бранши.

„Во суштина е сосема сеедно од каде доаѓа некој, најважно е да докаже дека сака да се интегрира во некоја земја, дека сака да соработува и да биде дел од општеството. И тогаш не е прашање од каде е некој, туку како сака да се интегрира“, вели за ДВ сојузната министерка за образование Ања Карличек.

Таа во понеделникот (17.02) во Бон, заедно со колегата Хајл го отвори новиот Централен уред за признавање на стручни квалификации. Во Германија, во овој момент, постојат околу 1.400 различни служби кои се занимаваат со признавање на странски дипломи.

Процесот на признавање досега беше премногу комплициран и траеше предолго, далеку подолго одошто во скандинавските земји или во САД и Канада. Со новиот центар за признавање на дипломите тоа треба да се коригира.

Во иднина, сите заинтересирани за работа во Германија најпрво треба да го контактираат новиот Центар, кој ќе им помогне во подготовката на целосната документација потребна за признавање на квалификациите, ќе им стои на располагање за советување и нивните молби ќе ги дистрибуира до надлежните институции во сите германски покраини.
Но, она што и помага на Германија, на другата страна отвора големи проблеми.

Имено, југоистокот на Европа не го напуштаат само најдобро квалификуваните кадри со универзитетска диплома, туку и негуватели, медицински персонал, мајстори, автомеханичари итн. Од земји како Северна Македонија, Србија, Хрватска или БиХ годишно во Германија доаѓаат повеќе од 100 илјади работници.

Целата сторија проследете ја на Дојче веле на македонски јазик

Претходна статија(ВИДЕО) Екс премиерот Заев откри како се храни и што јаде
Следна статија(ФОТО) Македонецот што ја освои Карлеуша: Многумина би посакале да се на негово место