По единаесетти пат во Врњачка Бања бил организиран натпревар во најдолг бакнеж. Тринаесет двојки од сите делови на Србија со долги бакнежи се натпреваруваа на “мостот на љубовта“ во Врњачка Бања.
Победничкиот бакнеж на Ирена и Ѓорѓе Божиќ од Крушевац траел неверојатни 112 минути, со што бил соборен нивниот рекорд од 2015 година кој траел 101 минута.
За оваа двојка ова е петтата победа на натпреварувањето во нивното седмо учество.
-Имаме пет први, едно второ и едно трето место. Најтешко ми беше што морав долго да стојам бидејќи сум во петтиот месец од бременоста- изјавила Ирена.
Инаку, најстарите натпреварувачи на оваа интересна манифестација имале по 75 години.