(ВИДЕО) Битолската музичка група порача: Македонија на Македонците

0

На Гоце Фест настапија и Оркестарот Фаворити од Битола кои што на публиката и порачаа :“Македонија на Македонците”. Со оваа песна тие го најавуваа и албумот кој што ќе се состои од песни посветени на Македонија.

“Македонија на Македонците” е насловот на песната со која што момците од Оркестар Фаворити од Битола настапија на “Гоце Фест”.

Автор на музиката и текстот е Оливер Ѓоргиевски, а аранжманот е на Славко Ристески од студиото Просаунд од Прилеп каде што воедно е снимена песната.

-За првпат сме ние на Гоце Фест со наша авторска песна, заедно со мојот колега од Оркестарот Оливер, одлучивме да биде дуетска песна и да не биде со некој друг изведувач туку да биде само од Оркестарот.

Мислам дека е интересно. Како што кажав, тука сме за првпат и навистина се осеќа патриотскиот дух. Поминавме прекрасно со многу емоции, публиката делуваше позитивно и се надевам дека песната ќе помине добро бидејќи е дует од Оркестарот, а не со друг изведувач.-истакна Јове, вокал на Фаворити за естрадниот магазин Естрада плус.

“Македонија на Македонците” е само почеток на она што допрва ќе следува од нив. Како што откриваат во интервјуто за ИН ТВ, планирано е да се направи албум со песни кои што ќе бидат посветени на Македонија.

Извор Естрада Плус.

Претходна статијаЖители на Сарај: Ни пристигаат сметки за канализација а ние такво нешто немаме
Следна статија(ВИДЕО) Познатиот македонски пејач порача: Сонцето од Кутлеш вечно ќе живее