Како обид за стопирање на иселувањето, намалување на невработеноста, но и одговарање на потребите на пазарот на труд во Прилеп беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ и Делегацијата на германското стопанство во земјава.
Во овој пилот проект за т.н. дуално стручно образование според германски принцип, а прилагодено на македонски услови 20 ученици ќе одат на практична настава во една домашна и две странски инвестиции Прилеп. За тоа ќе добиваат и соодветен месечен паричен надоместок, а по завршувањето на средното образование ведаш ќе им биде понудена работа во компаниите каде тие оделе на обука.
„Сакаме да им покажеме дека во овие струки, во ова образованиеи има перспектива во Македонија. Сакаме да им покажеме дека иима перспектива во приватниот сектор, во инвестициите во нашата земја и да иим овозможиме останување во нашата земја“, истакна Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
Но немаше конкретен одговор дали германските иинвестициии во Македонија планираат зголемување на платите, главниoт мотив за иселување на младите.
„Се забележува исто така преминување на голем број работници во овие нови германски инвестиции, особено од текстилниот сектор, што значи платите во овие компаниии не би можело да се толку лоши“, додаде Мартенс.
Во Прилеп станува збор за ученици со струки Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство.
„За да може веќе со завршувањето на средното стручно образование да бидат подготвени, обучени, спремни, да се вклучат во пазарот на труд“, истакна Билјана Трајкоска, директор на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ – Прилеп.
Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ Сител