Обложувањето зема се поголем замав како ширум светот, така и во Македонија. Веќе е познато дека има иницијатива за клидилниците и казината да бидат затворени или дислоцирани.
Експертите предупредуваат дека процентот на возрасните луѓе кои што се коцкаат е многу гoлем, а нималку подобра не е ситуацијата помеѓу средношколците затоа што секој трет секојдневно се обложува.
Меѓу оние кои својата среќа се обиделе да ја пробаат во обложувалница има и основци, а за тоа сведочи и примерот кој го раскажал дефектолог и основач на Советувалиштето Ентера, а чиј главен актер било момче кое добило огромна сума пари во обложувалница.
„Ми се јави таткото чиј син, инаку ученик во основно училиште, добил добивка од максимален износ кој што може да се добие на еден тикет. Стануваше збор за неколку милиони денари.
Ме праша што да прави. Чувствувал дека е неморално да ги подигне парите затоа што сметал дека на тој начин на синот ќе му испрати погрешна порака. Стравуваше дека неговиот син би можел да помисли дека од коцкањето може да се живее. Му кажав да ги подигне парите и да ги даде во добротворни цели.
Така и направи. Потоа ми се јави истиот тој човек и ми кажа дека повеќе не оди во обложувалница“ – раскажал дефектологот.
Во Албанија за 2 дена се затворени рекордни 4 300 обложувалници низ државата со стапувањето во сила на законот со кој се забранува оваа дејност во населените места и ја нарушува социјалната сигурност на граѓаните . Забраната исто така се однесува и на онлајн кладење и коцкање, не само на кафулиња со обложувалници.
Единствено коцкањето е дозволено само во елитни хотели со пет ѕвездички и тоа само ако се наоѓаат надвор од урбани подрачја.
Албанскиот премиер Еди Рама беше под жесток притисок на сопствениците на кладилници , но сепак Законот се изгласа и од вчера е на сила.