Сопственичка на ресторан му дозволила на бездомник да работи 1 ден, а утредента се изненадила

0

Му дозволила на еден бездомник да почне да работи во нејзиниот ресторан. Таа немала проблем со бројот на вработени, но овој човек случајно налетал додека таа била присутна во салата.

Март, 2016 година, бездомникот влегол за да проси пари во ресторанот, и токму налетал на сопственичката Цесија Абигаил во Минесота.

Ја замолил да му даде пари колку што има зошто немал ништо јадено веќе со денови. Но, таа му рекла дека ништо на овој свет не се добива за беспари и дека ќе мора да го сработи она што ќе го добие.

Бездомникот и’ кажал дека веќе долго време се обидува да најде работа, но никогаш не успева, зошто веднаш го одбиваат штом ќе го видат во парталавите алишта и таков неизмиен.

Тогаш Цесија му рекла дека може да работи кај неа, бидејќи токму тогаш се ослободило едно работно место.

Бил пресреќен и рекол: “Ќе работам сè за само малку храна, прегладнет сум!” Помагал во миењето садови и чистењето и конечно бил пресреќен зошто почнал да заработува пари.

Купувал храна од нејзиниот ресторан, закрепнал и си го средил животот. Цесија била среќна што му помогнала и на сите им порачува, дека не смеат луѓето да ги ценат според изгледот.

Секој треба да добие шанса, да не ги осудуваме луѓето предвремено и да се обидеме да им помогнеме – додава таа.

И.П.

Претходна статијаСе огласи Шеќеринска: Не сме веќе тема на масата, туку седиме на масата
Следна статијаНашите први соседи се тешки сиромаси, но само тие дојдоа денес во болница! Те молам Боже помогни ми!