Си ја ладам, ми рече кираџиката и ми го зеде мажот – кој ми е крив што ја прибрав дома

0

Имаме голема куќа, децата се разотидоа, синот во Германија, ќерката во Италија, а голема куќа ете ја ко ламја седи празна. Одлучивме едниот кат да го издаваме, сепак, пристојно е наместен, има услови за живеење, греота е така да седи. Јас ја дадов оваа идеја, а сега косите си ги скубам, како не ми се исуши устата тогаш, ах!

Се досели млада „студентка“, а ја ставам под наводници бидејќи веќе не знам што е вистина а што лага. Така барем се претстави. Ја гледав како своја ќерка, беше мила и убаво воспитана. Кога нешто ќе зготвев, се качував да и однесам и на неа, или ја викав да се симне за да јаде со нас.

Ја викав на кафе или чај, навистина ми прирасна за срце. И јас и маж ми бевме љубезни со неа и ја засакавме како родена ќерка. Барем јас така ја засакав, а маж ми…

Сакав да се грижам за неа, од една страна затоа што ми недостигаше мојата родена ќерка, а од друга страна, нејзината приказна беше трогателна.

Таа ми зборуваше дека сама се школува, дека е сираче, дека пораснала со баба и која неодамна починала, па дека имала имотни проблеми и затоа морала да оди под кирија. Во сите нејзини лаги поверував.

Имаше денови кога ја немаше по цел ден и цела ноќ, а имаше пак некои денови кога од соба не излегуваше. Но не ми беше ништо чудно бидејќи мислев дека учи, а кога е надвор дека работи. Велеше дека често менува работа оти не и плаќале.

Еден ден кога се вратив од пазар, ја сретнав нејзе како седи на скалите во лелеав проѕирен фустан од кој се’ и се гледаше, и пуши цигара. Бев скроз изненадена од нејзиниот однос и изглед.

И пријдов и онака мајчински ја прашав што прави така облечена и вперив прст кон нејзиното меѓуножје. А таа мртва озбилна ми рече:

-ЕВЕ СИ ЈА ЛАДАМ потврдата од АВАНСОТ за идните 3 месеци кирија…

Ме обли ладна пот, не можев да поверувам што слушнав, останав вкопана во земја, замолчана, мислев дека тропа глупости, дека можеби е пијана, но потоа го видов него: мојот сопруг се симнуваше по скалите до половина гол. Што да ви раскажувам понатаму, срамотилаци живи.

Тој ме остави, се сврте кон неа, помладата. Знам дека таа само го користи за пари, ама него хормони го удриле во глава, не можам да му докажам дека се глупира. Или ќе цркне од пиење вијагри, или таа ќе го остави за следната подобра прилика.

Сега тој живее горе со неа, а јас долу. Ќе ми се врати тој на мене, ама срамот кој го јадам сега, никогаш нема да може да се избрише и заборави.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаГордан Калајџиев за законот за ЈО: Тој е нестручен и конфузен – кажано и е на министерката Десковска
Следна статијаМарија: Во молам мили мои, пуштете една молитвичка за Дарин кој три недели се бори за живот во Германија