Познато на колкава возраст и од каде е првиот пациент од Корона вирусот во Македонија

0

Техничкиот премиер Оливер Спасовски се огласи на прес-конференција по повод првиот случај на Корона вирус во Македонија.

„Денес е регистриран првиот и единствен случај во Македонија. Пациентот е примен и третиран според сите протоколи. Во овој момент ситуацијата е под контрола,сите државни служби се подготвени да реаграт.

Ве уверувам дека нема просторза паника, системите се подготвени за што се работеше минатиот период. Апелирам до граѓаните целосно да се придржуваат до препораките на Министерството за здравство. Институиции имат стручни и кадрови и капацитети.

Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје во своето обраќање откри што се презема и за каков пациент станува збор.

„Наша екипа во полна заштитна опрема замина на Инфективната клиника во Скопје каде се наоѓа во моментов. Пациентката е родена во 1970 и е од територијата на Скопје. Ние интензивно се подготвуваме за оваа состојба и сме подготвени. Еве јас 24 часа втор ден по ред сум постојано на терен“, изјави Караџовски.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирусот во Македонија, дознаваме од владини извори.

Вкупно три лица биле тестирани за коронавирус на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип. Кај двете од нив резултатите се негативни, а третото било позитивно.

Таа била дојдена со комбе и министерот Филипче смирува дека веднаш по пристигнувањето во државата била транспортирана на клиниката за Инфектологија. Сите што патувале со неа, исто така се подложени на испитувања.

Претходна статијаВонреден прес во Владата на министерот за здравство Филипче: Потврден прв случај на Корона во Македонија
Следна статијаПадна забрана за посета на сите пациенти – се огласи директорот на болницата