Познато колку пари досега заработи „Медена земја“ во САД

0

Сите сме во исчекување дали „Медена земја“ на Ноќта на оскарите ќе испише историја. За прв пат во постоењето на македонската кинематографија еден филм е претставен со две номинации за престижната награда Оскар и за прв пат во постоењето на манифестацијата, документарен филм се бори за награда и во категоријата за најдобар странски филм.

-Знам дека документарецот „Медена земја“ заработи на кино благајните од прикажувањето во САД над 750 илјади долари. Од оваа сума се одбива данок и делбата со кино мрежите… а инвестирани се во промоцијата на филмот.

Да се стигне до номинации, освен што е важно да имате одличен филм, мора да се вложат многу пари. Повеќе е вложено е во филмот да стигне до тука отколку што тој има приход од дистрибуција. Се надевам дека после ова ќе заработи, тоа секако зависи од дистрибутерот „Неон“ кој ги има овие права, вели Горјан Тозија- Медо, директор на Агенцијата за филм.

Еден од најнеочекуваните филмови што се натпреварува за „Oскар“ е фасцинантната приказна за пчеларката од Балканот Атиџе Муратова. „Медена земја“ има силна еколошка порака, но животната приказна на жената во средиштето на филмот привлече внимание ширум светот, се вели во текстот на Би-би-си посветен на македонскиот документарен филм, номиниран за „Оскар“ во две категории.

„Медена земја“ е првиот филм што се натпреварува за наградата за најдобар документарец и за најдобар интернационален филм.

Успехот на документарецот е уште повпечатлив бидејќи настана безмалку случајно, кога режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов го истражувале изолираниот планински крај со цел да снимат краток документарен филм – пишува во написот објавен од британскиот медиумски сервис.

Меѓу лекциите кои Би-би-си ги извлече од „Медена земја“ се наведуваат „преживувањето преку делба“, „мудроста може да биде помоќна од силата“, „можете да бидете сами, но не и осамени“, „филмовите можат да зборуваат посилно од зборовите“, „луѓето и пчелите се слични“, како и заклучокот оти „неонските светла не можат да им парираат на македонските ѕвезди“.

Претходна статијаТаткото ја оставил слепата ќерка на пруга, но потоа се случило чудо
Следна статијаОткриено кој ќе се погрижи за вечерашниот изглед на Атиџе