Познатиот македонски пејач на 65 години повторно стана татко – доби ќерка

0

Пејачот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски (65), кој е од Македонија доби ќерка со 48 годишната Словенка Барбара Весел. Аки пред неколку месеги имаше медицински проблеми и полесен срцев удар.

Аки и Барбара на ќеркичката и дале име Антонија, пренесува РТЛ Екслузив. Барбара е медицински техничар. Аки досега има две деца од два брака.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна брача” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.

Кристијан Рахимовски-Кики, синот на познатиот пејач на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, настапи пред неколку години во интернационалната вечер на издание на фестивалот „Охридски трубадури“.

Дека крвта не е вода покажуваат неговите интерпретации на песните „Свилена хаљина“, „Једном у животу“, „Корак прекратак“ и најновата „За живот цијели“, мелодии што ги прифатија голем број од хрватските љубители на музиката. Настапот на „Охридски трубадури“ е прво претставување на Кики пред македонската публика, што ќе биде одлична можност за овдешната публика да се запознае со неговите вокални квалитети и да се увери во тоа.

Гуру Харе сними дует со Аки Рахимовски! Станува збор за темата со наслов „Мајко“ за која познатиот музичар Игор Атанасовски – Харе вели дека е силна приказна. Фронтемнот на парни ваљак, скопјанецот кој долги години живее во Загреб песната ја бендисал од прва, па без многу размислување решиле да ја снимат во студиото на Тавитјан брадрс.

„Песната настана спонтано, во една дружба, без многу договарање и планирање, и е наблиска до некој македонски блуз. Аки сѐ уште го сочувал правилниот и убав македонски јазик и ја испеа песната токму на тој начин. Пријатно ме изненади. Дики Тавитјан направи одличен аранжман, токму онаков каков што замислував“, изјави Гуру Харе, кој е автор на музиката и на текстот на песната, а Диран Тавитјан ја продуцираше.

Спотот премиерно ќе се прикаже во емисијата „1 на 1“, на 19 мај, а Харе ќе ја раскаже комплетната приказна за соработката и за дружењето со Аки. Во видеото се појавуваат тој и Аки во неформална дружба и во работна атмосфера, а приказната на песната ја доловуваат и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров. Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров а го изработи „Мелем продукција“.

Претходна статијаНе ни сонував дека ќе ми падне на колена во сред ресторан во Германија
Следна статијаДедо Миле од Прилеп кој има 81 година нема да верувате што прави буквално секој ден