Една од нашите најпознати ТВ водителки, Милена Антовска Станковска важи за жена која е пред сè убава, но уште поважно, таа е естрадно лице кое позади себе не влече никакви афери, ниту професионални, ниту лични.
Ретки се личностите од естрадата кои може да се пофалат со едно вакво поведение. Единствено врвни професионалци во својата работа, можат да кажат дека за нив не се пишувало во негативна конотација.
Многу често медиумските личности знаат и самите да си пуштат ,,муабет”, за да ги има по порталите. Тоа го прават најчесто кога нивната популарност има надолен тренд. Ова со години наназад можеме да го видиме во медиумите кај нашиот северен сосед, но и кај нас.
Познато е дека една наша фолк пејачка самата во инбокс на некои портали пушта приказни за себе, за овие да ги објават и со тоа малку од малку да се подигне нејзината популарност.
Но на Милена тоа не и е потребно, бидејќи таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар. Водителките Татјана Стојановска, Ирена Спировска, пејачката Сузана Спасовска… Секако има и други.
Малку збунувачка вест вчера објави порталот Женски магазин. Имено тие пренесоа изјава од водителката Милена Антовска, сликана во венчаница:
“Посакувам пак да се мажам”, ни изјави водителката Милена Антовска-Станковска. Облечена во раскошен фустан на Нена Конели, како модел на Саемот за венчавки кој е во тек во хотелот Александар Палас, Милена посака уште една свадба со својот сопруг Гордан.
“Во мај ќе прославиме три години брак. Гледајќи се во овој прекрасен фустан, добив желба за уште една свадба”, рече мајката на Лана Марија, а пренесе Женски Магазин.
Се надеваме дека ова е само маркетиншки потег на водителката, која последниве години на своите профили на социјалните мрежи рекламира разни брендови, дополнителна работа која ја практикуваат речиси сите ѕвезди во светот.