Зар го заслужи ова Цеца – Вељко планира да ја остави сама

0

Многумина ја нарекоа свадба на деценијата и ја споредуваа со онаа на Жељко Ражнатовиќ и Цеца Величковиќ, но сепак, тоа не беше ни оддалеку налик на свадбата од пред дваесет и повеќе години.

Сепак, Вељко и Богдана имаа веселба за паметење, а мама Цеца беше беспрекорен организатор на веселбата, на која за микрофон се фатија многу нејзини познати колеги, но и самата таа.

Сега, кога спласна целата таа еуфорија, на ред доаѓаат оние секојдневни настани кои не можат да го заобиколат ниту едно балканско семејство. А тоа е, каде ќе живеат младите.

Позната е онаа традиционална нетрпеливост меѓу свекрва и снаа, но само пред околу еден месец Цеца споделуваше фотографии од снаата како тие двете заедно подготвуваат палачинки, што укажуваше на прилично идеална семејна атмосфера.

„Вака мојата снаа ми прави палачинки, ем се забавуваме, ем еве и доказ“, напиша тогаш Цеца и објави видео од дома.

Сепак, Вељко најавува нешто друго:

„Сите кога ќе се омажат или оженат велат дека било магично. Јас навистина супер си поминав со своите најблиски, но мислам дека не сум толку емотивен. Сестра ми и мајка ми плачеа, мене ми беше преубаво и тоа е навистина најубавиот ден од мојот живот, но жените тоа го доживуваат поинаку“, рекол Вељко.

Познато е дека за неколку месеци тој и Богдана ќе станат родители. Вељко не крие дека едвај чека да дојде тој ден и открива како неговата сопруга се однесува како трудница.

„На тоа се радувам како мало дете. Отсекогаш сакав првото дете да ми биде машко. Анастасија отсекогаш имаше проблеми во животот. Се шегувам, нормално. Ме плашеа сите кога станува збор за трудници, но мојата жена е прекрасна и вистинска легенда, му благодарам на Бога“, рекол Вељко.

Тој открил и дали во блиска иднина планира да се отсели од домот на својата мајка Цеца.

„Со кој да ја оставам Цеца? Кога ќе се појави некој доволно маж да може со мајка ми барабар, јас тогаш ќе им дадам приватност ако сакаат, а до тогаш мајка ми ја чувам јас“, рекол синот на пејачката.

Претходна статијаШто ти е живот: Некогаш биле милионери и имале раскошен живот, сега преживуваат со социјална помош
Следна статијаПознатата водителка Милена која скоро се омажи со чудна изјава: ,,Сакам пак да се мажам”