На една американска телевизија, било организирано јавно собирање на парични средства за лекување на еден човек. За операцијата и болничките трошоци биле потребни 150 000 долари, бидејќи неговото осигурување не ги покривало сите трошоци.
Гледачите се јавувале еден по еден, и сите донирале кој по 500, кој илјада, две-три илјади долари, па дури и повеќе.
Во еден миг, се јавил еден гледач и рекол дека ќе донира два долари. Водителката само ги подигнала веѓите, му се заблагодарила за тие два долари, но не издржала и го прашала:
“Господине, извинете што ќе Ве прашам, но зошто ДВА ДОЛАРИ?”
Човекот по кратко молчење и одговорил:
“Јас неодамна останав без работа, а уште малку ќе станам и бездомник. Во џебот имам само четири долари. Мојата вера ме учи да дадам сè од себе за да му помогнам на братот, соседот, човекот…
Оставив два долари за нешто да си купам за јадење, а двата ќе ги донирам. Утре е нов ден и нова надеж. Имам доста искуство, но сè уште не сум успеал да најдам работа. Ама не очајувам, ќе ми помогне Бог.”
Сите во студиото останале занемени од добрината на човекот. Следниот гледач што се јавил рекол: “Јас донирам осум илјади долари за лекување, а четири илјади му ги подарувам на човекот кој донираше два долари.”
Се ределе повици, така што до крајот на емисијата бил собран целиот износ потребен за лекување и исто толку за човекот кој донирал два долари. Добил и десетици понуди за работа.
Зошто? Бидејќи Бог никогаш не го остава на цедило оној, кај кого вистинската и искрена добрина доаѓа директно од срцето.
И.П. Фото: Илустрација