Српскиот пејач, кој важеше за некрунисан крал на народната музика, Шабан Шаулиќ поч ина на 17 февруари минатата година. Шабан го изгуби животот во сообраќајна несреќа кога се враќаше од настап во Германија.
Тогаш настрада и музичарот Мирсад Кериќ кој беше во автомобилот со пејачот, додека кумашинот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ е единствен кој преживеа.
Стојадиновиќ за ало.рс открива зошто никогаш не бил на горбот на Шабан, како и што му кажала Гордана Шаулиќ кога го посетила во болница.
„Семејството на Шабан ми се јави и ми кажа дека ќе одбележи една година од неговата см рт, но јас не можев да дојдам во Србија. Немав сила да дојдам на неговиот гроб и да му запалам свеќа. Шабан беше мојот најдобар пријател и кум, а освен другарството, не поврзуваше и тоа што му бев личен возач“ вели Слободан.
„Се сеќавам дека Гоца ми кажа нешто што ме израдува и натажи во исто време. Ми кажа: „Се чувствувам како да го видов мојот Шабан“. Ние бевме многу блиски, бевме неразделни. Или бевме заедно на турнеја, или тој беше во Крчедин, а јас го посетував. Повеќе време поминуаше со мене отколку со Гоца“, додава кумот на легендата.
Слободан ни по една година не може да се помири со фактот дека го загубил пријателот, а освен со семејството Шабан, се слуша и со семејството на Кериќ.
„Ми рекоа дека времето си го прави своето, дека лекува се, како тагата така и физичката болка, но тоа не е точно. Болките ме потсетуваат на несреќата и не можам да заборавам. Два пати неделно одам на псхијатар, тој ми помага, но не сум изелечен“ вели Стојадиновиќ.
За потсетување, Шабан зад себе ја оствари сопругата Гоца, како и три деца, ќерките Санела и Илида и синот Михајло.
Извор: Вистина