Ова за Весна Змијанац не сме го знаеле – изгубила два сина, објасни и како

0

Весна Змијанац е една од најголемите регионални ѕвезди, но во нејзиниот живот помина низ добри и лоши ситуации.

Од бракот со Владо Јовановиќ ја доби ќерката Николија, а додека беше со него отворено зборуваше дека имала два спонтани абортуси.

„Нашето прво дете, синот, Владо и јас го изгубивме во 1986 година кога бев во седмиот месец од бремноста. Спонтаниот абортус се случи за време на паузата на концертот во Младеновец. И не ми забележувајте што таа сцена не можам да ја опишам и денес кога помина толку многу време, бидејќи тоа е една од оние болки која се уште боли.

Кога и да се сетам на тоа, ме боли стомакот и секогаш се казнувам со прашањето дали сум виновна за тоа што ми се случи?

По неколку недели од случката, додека болката се уште беше свежа, сакав и јас да исчезнам, да ме нема“ напиша Весна во својата автобиографија „Кад замиришу јорговани“.

Слична ситуација и се случила една година подоцна.

„Другиот син, го изгубив под речиси исти околности во 1987 година. Тогаш се прашував, а и денес понекогаш се прашувам – со што заслужив да ми се случи тоа што ми се случи. Животот ми беше таков како што ми беше, ми даде шанси – ги искористив како што знаев.

Многу работи можев да ги направам поразлично. Но, сеедно, мислам дека доволно платив и дека со својата мака одговорив на сите прашања кои си ги поставував на себе. Мислам дека прескапо платив. Мислам јас, а мислат и моите неродени синови“, пишува Весна.

Во 1989 година Весна ја роди својата ќерка Николија која тргна по стапките на нејзината мајка.

Претходна статија“Заврши школо, па ќе дојдеш да живееш во Австралија”, а сега брат ми ме тера под кирија да одам
Следна статијаДо тука било – Северина го избриша презимето Којиќ од сите профили