Многу се зближивме со Софче – надобрата другарка на жена ми

0

Отсекогаш ме нервирале другарките на жена ми и не сум ги сакал. Сум мислел дека тие и ја полнат главата против мене и секогаш кога ќе била со некоја од другарките, после тоа имало кавги дома.

Таа исто така не ги сака моите другари. Смета дека тие се причината за моите излегувања, кафани, пијанки. И вака е најверојатно во речиси секое семејство. Ретки се оние кои имаат заеднички пријатели, па функционираат нормално во дружбите. А има, познавам и такви.

Е ама Софче е нешто друго. Софче ја запознав сега пред неколку месеци. Таа и била школска другарка на жена ми и се нашле сега скоро по град, едвај се познале и се размуабетиле за животот.

Од тогаш се гледаат редовно по кафе, мафе со сопругата моја. Како и за сите други, јас на почетокот бурно реагирав и за Софче. Што има да се гледаш со неа, сто години не сте се виделе и сеа као најдобри другарки, и викав на жена ми.

Ама таа еден ден, ја покани Софче на гости дома. Кога ја видов, веднаш некако ми се допадна, а и не беше лигава како останатите нејзини пријателки. Онака, Софче како машко правеше муабет со мене, за фудбал, за баскет, одела по утакмици на ракомет и.т.н.

Потоа, Софче дојде уште два пати дома кај нас. Као и паднало жал на жена ми дека Софче сега скоро се развела со маж и, па и било тешко, била осамена, бла, бла, бла, женскми жалопојки.

Ама мене не ми пречеше. Ако и викав, нека доаѓа. Софче кога доаѓаше, јас одма се нудев да зготвам нешто или да отидам да купам скара на кило. Незнам бе, нешто као крила да добивав.

Си се замислував потоа вечерта зашто тоа така ми идат некои како среќни чувства, ама ај си викав не си прави филмови во глава.

Но, еден ден сега скоро се сретнавме со Софче у град. Она ми рече прва, ај да пиеме кафе и јас прифатив. Ама тоа не кафе, испадна у ресторан да седнеме кај шо има храна, па ај земавме прсти и похован кашкавал, па ај по едно пиво.

Па ај да не биде по едно, уште по едно. Типкава барабар со мене ,,цуцкаше”. Софче и заврте и на жена ми, као ејј, се видовме со маж ти, седнавме на кафе, да знаеш… демек ја зеза. Ај дојди ако можеш и вика, а знае дека жена ми не смее да излегува од работа.

Нејсе, заврши тоа доручекот, мавнавме по три пива, јас немав гајле, ама Софче се ,,поднасмеа”. И сеа кај да ја оставам така и се понудив да ја пребацам до дома.

Влеговме у кола, се нормално по пат, стигнавме у Црниче она кај шо живее. Нешо се размуабети, не излага од кола. Јас учтив, да не и речем ај излагај и го позедов муабетот. Не ни знам искрено шо зборевме, некои глупости.

Кога она едно време и текна, ај вика да не имаш работа да си одам јас. И во ист момент се навали и ме бакна во образ. Јас ништ, си останав така ко шо бев. Излезе Софче и замина накај дома. Значи немаше ништо, као ај качи се на кафе, или такви ствари.

Ама многу се замислив. Дури и глупо се почувствував. Ејјј другарка и е на жена ми. Може и нешто повеќе да се деси. Ќе морам рачна да кренам, бидејќи каѓав уште на почеток, нешто ме привлекува кај таа жена. Замислете за жена ми каков удар би било тоа…

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статија(ФОТО) По подолго време се вратија насмевките на лицата кај Јордан и мајка му Ангелина
Следна статијаОд утре за Македонците ќе биде друга песна: Полесно од било кога до работа во Германија