“Заедно со моите две колешки од факултет 2015 година летото отидовме на Миконос 3 месеци, не договори агент Грк кој преку посредничка од Скопје договара млади студентки од Македонија да работат на најпознатиот грчки остров.
Младата девојка ни пристапи на фејсбук со комплименти за тоа колку сме убави и ни понуди работа како хостеси и промотерки во познатите елитни клубови на Миконос.
По пристапот на фејсбук, девојката ни договри интервју со менаџерот на клубот каде што работевме. За два дена девојката ни договори интерјву, тој дојде со авион во Скопје и во едно елитно место во периферијата на градот имавме вечера-интервју каде што тој ни остави одличен впечаток за работното место.
Со нудењето на сериозна сума на пари како неделен надоместок за работата и покриените трошоци прифативме и се решивме да тргнеме за Миконос со организиран превоз, лет од Солун до Атина-Миконос. Стигнавме, островот е магичен. Прв пат се почуствувам слободна и исполнета.
Првите 4 дена додека се прилагодиме не одевме на работа. Не сместија во мала вила на високо место каде од балконот малку се гледаше морето. Бевме радосни што ќе заработиме а сме на одмор.
Тие денови ги искористивме максимално за уживање. Бевме на прекрасните плажи кои ги има островот, нормално не шеташе гркот кој не вработи.
Почнавме со работа, работевме како промотерки на елитниот клуб преку ден, а навечер бевме хостеси и ги сместувавме гостите. Работата не беше тешка, беше забавна и имавме време за плажа, одмор и секако навечер одлична забава со големи музички ѕвезди кои гостуваа во клубот.
Заработувавме добро, скоро сите пари ни остануваа бидејќи трошоците ни беа покриени. Една вечер, доцна беше веќе почнуваше да се разденува, гркот ме запраша дали би работела и 4-та смена… го запрашав што значи тоа?
Тој ми објасни дека ако сакам може да отидеме со неговите пријатели на утринско едрење со нивната јахта која е во близина, нормално со повеќе луѓе да се забавуваме.
Јас во еуфорија и со испиени неколку коктели прифатив. Отидовме, и вистина поминавме прекрасно. Имаше многу добри луѓе на забавата на јахта која продолжи до 5 попладне другиот ден.
Се вративме назад и отидов да одмарам во вилата. Вечерта околу два по полноќ кога се сретнав во гркот после краток разговор ми даде 400 евра за тоа што сум присуствувала на забавата?! Го запрашав зошто?!
Тој ми кажа дека неговите пријатели биле многу богати и дарежливи луѓе кои сакаат да се забавуваат и имаат огромен респект кон жените кои се дружат со нив и сакаат да ги прават среќни.
Јас бев зачудена незнаев дали да ги прифатам парите… но, сепак пари ми требаа и во тој момент ги прифатив. По еден час гркот ме покани повторно со неговите пријатели на друга забава во нивната вила која е на другиот крај на островот. Ми кажа дека од клубот ќе тргнат десетина коли и забавата ќе продолжи таму.
Таму ќе дојде DJ-от кој е голема ѕвезда- ми кажа тој. Прифатив. Тргнавме лудо, дузина коли сите скапи коли. Џипови, кабриолети и лимузини. Пиевме скапи пијалоци по пат.
Стигнавме во Вилата која може да се каже дека беше голема колку клубот. Имаше голем базен и започна afterparty. Се забавуваме пак до другиот ден.
Останав таму до вечерта. Не отидов на работа, а заработив многу пати повеќе од тоа што ми носеше првичната работа. Гркот ми даде 500 евра и започна мојата нова работа. Тоа лето зароботив над 30.000 евра.”