Македонката Милена од Новара: Вакво нешто до сега не паметам, во план сме да си одиме за Македонија

0

Ситуацијата со Корона вирусот во Италија е се подраматична, барем така јавуваат тамошните светски медиуми. За да се увериме и ние за ситуацијата, Галама контактираше со жителка на Македонија која што живее во Северот на Италија.

Наш соговорник беше Милена И. која живее во близината на Новара и ни откри што точно се случува.

„Точно е она што се пишува во медиумите, најдобро ние овде што живееме знаеме каква е состојбата. Имено, веќе неколку дена училиштата се затворени, а луѓето не излегуваат од нивните домови. Гужва единствено е во болниците сооглед на тоа што луѓето се исплашени и при најмал симптом, се оди на лекар“, вели нашата соговорничка и додава:

„Денес започнаа да се затварат и маркети кои останаа празни, без роба откако синоќа и утрово масовно се пазаруваше. Некои од луѓето веќе прекинаа и не одат на работа, а оние што го прават тоа се со заштитни маски. Вакво нешто во моите 15 години колку што сум во Италија досега не паметам.

Колку што знам најблискиот регистриран заболен од Корона од кај нас е одалечен 60 километри. Со сопругот и детето размислуваме да дојдеме на принуден одмор во Македонија. Но чекаме од газдата да прогласи колективен одмор. Знам дека е ризично сега да се патува, но мислимие дека тоа е најдобрата можна опција во моментов.

Како што е познато во овој дел на Италија живеат голем број Македонци. Според одредени иформации бројката надминува над 60.000 граѓани.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција истакна дека нашата земја го подигнала нивото на подготвеност за коронавирусот, откако тој се појави во северниот дел на Италија, и се шири со голема брзина.

Воедно, апелираше доколку нема потреба од некоја итност, да не се патува во северниот дел на Италија.

„Со оглед на новонастаната ситуација во северна Италија, ние утрово имавме сотанок со комисијата за заразни болести, во кои присуствуваа и гранична полиција, и го подивнавме нивото на подготвеност. Од утрово ја воведуваме контролата на сите кои влегуваат во земјава. Воведен е прашалник, и сите патници ќе го потполнуваат тој прашалник. Во согласност со одговорите, доколку има патник кој има симптоми, или да бил во контакт со некој заразен со коронавирусот, се прават тестирања и се одлучува што понатаму.

Претходна статијаЕлена Велевска емотивно призна: Не успеав да го спасам, толку беше
Следна статијаПочнав да работам како наставничка во школо – знам дека сум атрактивна и дека сите ,,буљаат” во мене