Веќе добро позната е ситуацијата со недостаток на пасоши во Македонија, а вината едни на други си ја префрлаат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Овој проблем наиде на многу негодување од нашите граѓани кои се спречени и оневозможени од многу работи.
До редакцијата на Галама пристигна еден пример на наш Македонец од Германија кој сакаше да остане анонимен, но притоа замоли да ја објавивме неговата ситуација.
Колку и да си ја сакам државата од каде што сум, по ова што го гледа ми иде никогаш да не се вратам. Пред еден месец добив синче, прво дете и со сопругата сакаме да дојдеме во Македонија за да го крстиме.
Притоа внучето да си го видат баба и дедо, но и другите роди. Планиравме да си дојдеме кон крајот на овој месец, за што и резервиравме карти. Во план покрај другото ни беше и да си ги продолжиме македонските пасоши.
Арно ама откако дознавме дека има недостиг за пасоши целата работа се изјалови. Ако си дојдеме, сегашниот пасош ќе истече во меѓувреме, а нов нема да може да извадам со што ќе заглавам во Македонија. А со тоа ќе трпи и мојата работа овде во Германија, а може и да добијам отказ.
Ова е навистина за никаде, немам коментар, да не можеш да си го крстиш своето дете од бизарни причини затоа што две партии (ВМРО ДПМНЕ и СДСМ) си прават политички игри.
Сега немам друг избор, егзистенцијата ми е приорите особено откако имам и дете, па ќе останам во Германија и нема да доаѓам во Македонија додека не се среди работата. Мама и тато ќе почекат да го видат моето дете, а парите во авио картите што ги купив за Македонија и назад за Германија ќе отидат во неповрат.
Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.