Кога родила тројка, мажот заминал по пелени: Се вратил дури кога тие пораснале

0

Стравот од човек може да направи нечовек. Живееле во мал град, како обично семејство. Двајцата работеле, деновите ги поминувале во секојдневни активности. Тогаш се случило чудо: таа забременила. На ултразвук ги чекало ново изненадување: Ќе добијат тројка.

Сè ќе било во ред доколку имале повеќе пари, но деновите поминувале во исчекување на непознатото. Во седмиот месец Ана почувствувала трудови. Дошла итната помош по неа, а неколку часови подоцна, докторот му јавил на Ненад: “Ви честитаме, добивте тројка!”

Ана била пресреќна, најпосле сите се тука – семјството е заедно. Од некои причини, мажот не ја делел истата радост. Се повлекувал во сенеси, замислено гледал во една точка.

Поминале дванаесет дена кога Ана со бебињата си дошла дома. Ненад отишол по пелени за децата и не се вратил! Ана го барала по телефон, го барала кај пријателите, роднините, но само дознала дека е добро…

Колку и да се обидувала да дојде до него, наидувала само на молк… Ана одлучила повеќе да не се замара со Ненад, а да им се посвети на децата.

Околу децата најмногу и помагале мајката и сестрата. Кога децата малку пораснале, Ана добила работа, а децата оделе во градинка. Кога децата наполниле 4 години, Ана донела важна одлука: поради работа во внарешноста, се преселила во главниот град.

Била вредна и со текот на времето многу напредувала во работата. Имала среќа што работела во добра фирма и со помош на државата, како самохран родител, успеала со бенефиции да купи стан. Децата тргнале во училиште, а нејзината мајка многу и помагала околу нив.

Поминале 10 години откако последен пат го видела мажот. Еден ден кога излегувала од фирмата, го сретнала Ненад. Работел во фирма слична на нејзината, но додека таа била на раководно место, тој работел како обичен менаџер.

Ненад прво бил збунет, едвај ја препознал Ана, а потоа започнал да се правда зошто така одеднаш си заминал без поздрав. Побарал да му прости и да му дозволи да ги гледа децата.

Ама на Ана и дошло од преку глава слушајќи ги! Само во неколку зборови му го истурила гневот и горчината што ги собирала сиве ови години:

“Вака како што ти сега коленичиш пред мене, јас две години коленичев пред шефот за да добијам слободни денови кога децата ми беа болни. Работев и дење и ноќе за да имам доволно за да ги наранам, додека ти беше којзнае каде.

Денес кога конечно успеав да го изградам и да го средам животот, ти сакаш да ти дадам место во него?!? Е, па не може! И кога децата ќе пораснат тие сами ќе одлучат дали ќе комуницираат со тебе или не, но од мене не очекува поддршка!”

Не знаела дали тој се покајал, дали му е криво што така постапил, во секо случај за него веќе никогаш ништо не слушнала. Одлучила на децата сè да им раскаже, па тие подоцна сами да одлучат дали сакаат да бидат во контакт со таков човек.

Обработи И.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаОд утре за Македонците ќе биде друга песна: Полесно од било кога до работа во Германија
Следна статијаФокус открива каде е купен паричникот кој Мицкоски му го нудеше на Заев