Калиопи откри дали повторно би пеела за Македонија на „Евровизија“

0

Македонската дива Калиопи Букле со својата изведба на „Роѓени“ на второто издание на „МАC“ во „Штарк-арена“ ја воодушеви публиката во арената, но и онаа пред ТВ-екраните.

Во интервју за 24сата.хр, Опи одговараше на 24 прашања, а веднаш на самиот почеток откри дека на претходното издание на МАC најмногу и се допаднал настапот на Јелена Розга.

Многу ми се допадна Јелена Розга кога ја пееше ‘Моје пролеќе’, се разликување од сите нејзини претходни настапи“, изјави македонската дива.На прашањето дали повторно би одела на „Евровизија“, Калиопи вели:

Не знам, мислам дека би можела уште десет пати, но мислам дека овие од менаџментот ќе ‘попаѓаат’ бидејќи ‘Евровизија’ е една сериозна приказна за која може многу да разговараме, а важни се само три минути, а јас тие три минути одамна ги искористив“, вели Опи.

Дали мислите дека Евровизија може да се случи во Македонија?

Мислам дека тоа е една голема илузија бидејќи Македонија е една мала земја. Ние знаеме кој владее и како владее, така да, јас мислам дека ја донесов Македонија на едно повисоко ниво, ја пеев „Црно и бело“ на македонски јазик која стана евровизиски хит и сите ја пеат. Тоа за мене е најголем успех, другото не е важно“, вели пејачката.

Инаку, Калиопи двапати ја претставуваше Македонија на „Евровизија“, еднаш во 2012 со песната „Црно и бело“, а во 2016 година со песната „Дона“.

Во 2012 година доживувањето ми беше поубаво бидејќи ја почувствував Евровизија на поразличен начин. Во 2016 година, тоа ми беше чудна Евровизија, имаше многу политика“, вели Калиопи.

Калиопи во последните два месеци на 2019 година одржа 19 концерти во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а истакна дека во 2020 има цел да направи неколку концерти во Хрватска.

За потсетување, оваа година на Евровизија во Ротердам, Холандија ќе не претставува Васил Гарванлиев.

Претходна статијаСе огласи роднина на еден од Македонците што се на крузерот во Јапонија и откри во каква состојба се и како се нашле таму
Следна статијаЖена додека крадела била фатенa на лице место, но полицаецот кога ги видел нејзините деца направил нешто неочекувано