(ФОТО) Македонецот што ја освои Карлеуша: Многумина би посакале да се на негово место

0

Како што е познато во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има македонски кандидати кои се борат да се покажат во најдобро светло, а благодарение на своите ментори работат на тоа да бидат уште подобри.

Ова година, првпат во музичкото учестува и кумановецот Марио Арангеловски кој е под менторство на Јелена Карлеуша.

Пејачката заедно со својот тим односно Мира Шориќ и Ивана Петерс работат со своите кандидати.

Македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ открива каков ментор е Карлеуша: „Знае на вистински начин да ми ја крене самодовербата

Марио успеа убаво да се претстави во вториот круг, па помина директно во третиот круг кој наскоро треба да започне со снимање.

По тој повод, Арангеловски замина во Белград за да поработи со своите ментори, да ги одберат песните, да поработат на грешките и целокупното претставување.

Меѓутоа, Марио освен што „учеше“ од Јелена, тој го искористи моментот да направи „селфи“ со пејачката.

Заедничката фотографија, Македонецот го објави на својот „Инстаграм“. Многумина, посебно фановите на пејачката би посакале да се најдат на местото на Марио и да ја запознаат Јелена во живо или да направат едно заеднички селфи.

Во една прилика, Марио исткана дека Јелена многу добро знае да им ја крене самодовербата на своите избрани кандидати.Тој исто така истакна доколку Карлеуша не би му била ментор ќе се откажал од шоуто.

Како Јелена ќе го подготви Македонецот за третиот круг на музичкото шоу останува да видиме. За потсетување, оваа сезона од „Ѕвездите на Гранд“ се откажаа Стефан Величковски и Елена Миленковска.

Претходна статијаКакво време дојде: Германците спасот го гледаат во Македонците – допрва ќе ја празнат државата
Следна статијаНе се само пасошите – недостигаат уште едни важни документи: Граѓаните негодуваат се погласно