ФОТО: Заев на лице место му извади документ според кој тврди дека Мицкоски краде

0

Во пресрет на изборите лидерите на двете најголеми македонски партии се соочија на првиот телевизиски дуел. Лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Канал 5 дебатираат за актуелната состојба со коронавирусот и неговото евентуално влијание на одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Според Заев, власта се справува соодветно со состојбата, а за Мицкоски, превентивата затаила.

Заев верува дека определенот период за неодржување јавни масовни собири ќе заврши, како што е утврдено до 6 март, и истакнува дека ќе се следат светските трендови и како ќе се развива систуацијата.

Мицкоски, пак, изјави дека нема индиции дека состојбата со коронавирусот ќе влијае на партиската агенда и истакна дека е важно да не се дозволи да ескалира.

На дневен ред беа и политичките препирки за владеењето на правото во земјава. Заев изјави дека кога го слуша Мицкоски, исто како да го слуша Груевски. Заев го обвини Мицкоски за крадење на пари. Директор сте биле на ЕЛЕМ и крадите пари.

Потпишувате договор исти договор за иста работа, еднаш е милион и шестотини, вториот пат го потпишувате на осум милиони осумсто пеесет со ПанчО Тошевски кој што вие другар и заедно доаѓавте на преговорите и буквално ги злоупотребувавте јавните пари

Вие правевте криминал кога во Јануари 2017-та година набавувате струја по 200 евра мегават, а цената е 43 евра. Кога МЕПСО набавува со 43 евра, вие набавувавте со 100 евра.

Мицкоски му порача на Мицкоски дека може да му држи лекции и го обвини дека тие додека биле на власт ја покачиле цената на струјата за 100 посто.

Претходна статијаНа свекорот и свекрвата не им дозволувам да го гледаат внукот и никогаш нема да им дозволам – еве зошто
Следна статија(ФОТО) Потегот на вечерта од Заев до Мицкоски – без Груевски ништо