(ФОТО) Тошо Малерот е навистина малер: Ноќеска фасада од зграда падна врз неговиот автомобил

0

По силното невреме го синоќа го зафати Скопје, покриви во згради завршија на булеварот Паризански одреди, во Карпош 4, кај трговскиот центар Антико.Прво паднал еден покрив, а по кратко време, од соседните згради излетале и други два покриви.

Силен ветер со брзина од околу 70 килоемтри на час ноќеска пред полноќ дуваше во Скопје. Ветерот дуваше и предизвика штети на повеќе локации – има откорната дрвја, паднати покриви, оштетени бројни автомобили…

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги повика граѓаните да внимаваат на себе и порача дека градските служби веднаш започнале со собирањето на паднатите лимови.

„Екипите се веќе излезени на терен и започнавме со отстранување на одлетаните кровови и паднатите дрва. Ве замолувам, секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти. Состојбата се следи и се превземаат соодветни мерки“, објави Шилегов.

Од силниот ветер кој синоќа беснееше во Скопје се одрона фасада и падна врз автомобилот на популарниот Васко Тодоров – Тошо Малерот во скопската населба Козле дознава „Слободен печат“.

Автомобилот бил паркиран до зградата во која живее Тодоров, а во моментов се очекува полициска екипа да изврши увид.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев објави дека екипи се на терен и работат на расчистување.

Радио и ТВ водителот Виктор Петров познат во јавноста како Викса на својот фејсбук профил објави видео на кое може да се види како им се помага на две лица врз кои најверојатно удрил покривот од зградата во Карпош по силниот ветер во Скопје.

Претходна статијаТасевски до властите: Читнете каков бил карантинот во Југославија во 1972 – пиле не смеело да пролета
Следна статијаВаско Ефтов ја откри неговата црвена линија: Тоа е света работа за мене