ФОТО: Мизрахи објави фотографија со емотивна порака до својата ќеркичка

0

Рашела Мизрахи, која вчера рано наутро беше разрешена од министерка за труд и социјална политика, и беше постојано мета на антисемитски напади од лица блиски до СДСМ, денеска објави фотографија со ќеркичката со порака дека остануваат во Македонија.

„Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука!“, напиша Рашела Мизрахи.

Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години.Срцето ни е тука!

Публикувахте от Рашела Мизрахи в Неделя, 16 февруари 2020 г.

На денот кога во Собранието веќе била во тек расправата за нејзина смена, Рашела Мизрахи носела решенија за кадровски промени и овластувања, велат од владата и посочуваат и дека за време на синоќешната седница, била донесена одлука за поништување на решенијата кои ги донела поранешната министерка.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на Фејсбук ги повика ВМРО-ДПМНЕ да достават нов предлог за министер за труд и социјална политика а исто барање денеска упатија и претставници на СДСМ.

„Секако дека ќе останат ингеренциите на заменик министерот но еве не сакаме така да направиме, сакаме да соработуваме зошто тоа е договоррено. Оставаме простор ВМРО-ДПМНЕ, како што реков, да достават предлог за министер за труд и социјална политика.“ – изјави изјава Костадин Костадиновски.

Од опозицијата остануваат на ставот дека Рашела Мизрахи не го прекршила уставот и дека е сменета бидејќи зборувала за криминалот кој бил правен претходно во министерството…

„Никола Димитров, човекот кој хистерично бараше разрешување на Рахела Мизрахи, за употреба на терминот Македонија, деновиве пушти оглас за вработување во Министерството за Надворешни Работи во кои меѓудругото се бара кандидатот да биде државјанин на Република Македонија. Според истата логика на СДСМ, Оливер Спасовски требаше да побара разрешување на Никола Димитров.“ – изјави Благица Ласковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија(ФОТО) Елена Ристеска со драстична промена – можеби нема да ја препознаете
Следна статијаЕвропската држава нуди бесплатно студирање на Македонците: Вклучено сместување, исхрана и превоз, но има два услови