(ФОТО) Елена Ристеска со драстична промена – можеби нема да ја препознаете

0

Елена Ристеска им се пофали на следбениците на социјалните мрежи со новата фризура. Популарната пејачка, која од појавувањето на музичката сцена е препознатлива по својата долга костенлива коса, одлучи да го смени имиџот и да стане русокоса.

Новост кај Елена е тоа што ја привршува првата маркетиншка кампања за нејзината козметичка линија Ера. Таа прво ќе ги лансира парфемите за жени и мажи.

Елена Ристеска е македонска пејачка и текстописец на популарна музика. Претставник е на Македонија на изборот на песна за Евровизија за 2006 со песната „Нинанајна“ на Дарко Димитров и Раде Врчаковски.

Елена официјално позната на Македонската публика и стана со победата на музичкото- реалити шоу – Play- потрага по ѕвезда. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“ станува инстантен хит во Македонија, а како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“.

Албумот вклучува неколку песни кои истотака станубаат успешни хитови во Македонија и соседните земји. Ристеска освен како пејач се покажува и како текстописец и пишува за ѕвезди како 4Плеј, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Маја Саздановска, Роберт Билбилов, Верица Пандиловска и др.

Заедно со големиот успех на нејзиниот деби албум, Елена почнува да се промовира и надвор од Македонија. Во 2004 година таа учествува на „Голден Стаг“ фестивалот во Романија, а во 2005 година со нејзиниот хит „Ни на небо, ни на земја“ се претставува на Сунчане Скале во Херцег Нови. Нејзините видеа често време беа вртени по МТВ Адриа, а со тоа нејзината популарност се повеќе се зголемува.

На 4 март, 2006, Елена Ристеска победува на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“. Со извојуваната победа таа го добива правото да ја претставува Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција.

Во Атина успева да биде една од десетте изведувачи во полуфиналето (18 март, 2006) кои обезбедуаваат пласман на финалната манифестација. Во финалето одржано на 20 март, 2006, Елена добила 56 поени и го освоила 12-то место. Дванаесеттото место било најдобриот пласман за земјата на Евровизија до 2019 година, кога Тамара Тодевска го освоила осмото место.

Во јули 2006 г, Елена настапува со песната „Не Могу“ (на Српски) на Сунчане Скале. Песната е дело на Калиопи и Дарко Димитров. На крајот завршува на 10 место. Истата година во Септември патува за Ереван, Ерменија да присуствува како гостин на концертот на претставникот на Ерменија на Евровизија 2006 Андре.

 

Таа е добро пречекана од публиката во Ерменија што е и очекувано затоа што „Нинанајна“ станува летен хит и популарен рингтон таму. Во Октомври таа реализира нов сингл насловен како „Есен Во Мене“. Песната е дело на Дарко Димитров.

После нејзините безбројни хитови во претходната година, вториот албум на Елена насловен како 192 е реализиран во Декември 2006. Албумот ги содржи „Нинанајна“, „Есен Во Мене“, Македонската верзија на „Не Могу“ насловена како „Не Можам“ и нов материјал.

Во 2007 таа зема дел во Скопје Фест 2007, но сега не како натпреварувач туку како специјален гостин и автор на текстот на „Бело е се“ песната на Ламбе Алабаковски. На Евровизија 2007 таа ги презентираше гласовите од Македонскиот телевотинг во финалната вечер.

Елена учествува на Српскиот Радијски Фестивал на 15 Декември, 2007 изведувајќи ја песната „Кревета Два“ или Српската верзија на нејзината песна „Има Ли Крај“. Елена завршува на второто место кое го дели со нејзината колешка и идол Каролина Гочева. Елена истотака добива и уште две награди, една за најдобра интерпретација, а другата од Радио ОСМ Пале. Кон крајот на 2007 година таа ја реализира и Српската верзија на албумот 192, насловена како „Милионер“.

За Елена Ристеска 2008 година започнува професионално. Таа го реализира првиот самостоен сингл на англиски јазик и тоа со видеоклип. Тоа е за песната насловена како „Million Dollar Player“ (или англиската верзија на „Милионер“). Видеото е продукција на „Corrino Media Group“, а режисер на видеото е Мајк Статик. Покрај Елена во видеото се појавува и Лирој Чемберс кој всушност е и автор на текстот за оваа песна.

После тоа Елена се навраќа на некои постари проекти. Таа снима видео за песната „Некаде Далеку“ од албумот 192. Покрај Македонската верзија таа снима видео и за српската верзија која е насловена како „Bye bye“ и дел од албумот „Милионер“. Режисер на видеото е Александар Ристовски – Принц. Во меѓувреме снима нова песна, односно дует со групата „Паркети“ под насловот „Сакам да те галам“ која истотака се здобива со видео реализација.

На 19 Декември таа го одржува и нејзиниот прв солистички концерт. Одржан е во „Метрополис Арена“. На концертот како гости се појавија Ламбе Алабаковски, Туна, Паркети како и Босанскиот бенд „Регина“ со кои што Елена има дует.

На почетокот на 2009 година, таа снимила спот за песната „Усни како темно мастило“. Воедно тоа бил последниот проект поврзан со албумот „192“.

На 28 декември 2015 година, Елена Ристеска го претставила албумот „Без шминка“, снимен со финансиска помош на „Македонски телеком“. На албумот се наоѓаат постари осум песни, меѓу кои и „А можевме“ (напишана од Тоше Проески) и „Доживотно“, како и пет нови песни, и тоа: „Без шминка“, „Вети“, „На крај на свет“, „Немаш право ти да ми судиш“ и „Како да се радувам“. За промоција на албумот бил снимен видео-спот за песната „Доживотно

 

Претходна статијаСобранието се распушти – избори ќе има на 12 април
Следна статијаФОТО: Мизрахи објави фотографија со емотивна порака до својата ќеркичка