Пред неколку моменти на социјалните мрежи излезе првата фотографија од тимот на „Медена Земја“ пред прогласување на Оскарите. На чело со главната ѕвезда Атиџе, екипата на македонскиот претставник едноставно блеска.
Double Oscar nominees Tamara Kotevska, Atanas Georgiev, Ljubo Stefanov, Hatidze Muratova, Samir Ljuma, Rena Eid, Blagoja Nedelkovski and Fejmi Daut of Honeyland, Macedonia. Good Luck!
Публикувахте от Marko Georgiev в Неделя, 9 февруари 2020 г.
Четири часа пред закажаниот старт на церемонијата за доделување на Оскарите, еден од кинематограферите на „Медена земја“, Самир Љума, се вклучи во живо на социјалната мрежа „Фејсбук“. На видеото кое тој одлучи да го сподели може да се види како си приготвува јадење.
„Припрема пред Оскари. Ајде чао, се гледамо вечер на црвен тепих. Сите други се спремни. Само уште јас да каснам“, вели Самир Љума во видеото.
Втор пат по 25 години македонски филм влегува во трка за престижната статуетка оскар со светските најдобри филмови.
„Медена земја“ вечерва во Долби театарот во Лос Анџелес се на чекор до Оскар, особено што е номиниран во две категории, за најдобар документарец и за филмсо остварување од неанглиско говороно подрачје.
Во историјата на американската академија, ова е и прв пат документарен филм да е номиниран во две категории.
Петчлената авторска екипа – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и главната протагонистката во филмот – пчеларката Атиџе Муратова ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда.
Како што е веќе познато, екипата од Македонија е веќе пристигната во Лос Анџелес, а Атиџе ги освои срцата на сите присутни, како и на големите филмски ѕвезди.
Македонките Мила и Љупка Арсовски, кои живеат и работат во САД, поточно во Њу Џерси, се оние кои ќе се погрижат за изгледот на Атиџе и екипата на Медена земја, пишува Локално.мк.