Какво време дојде во Македонија: Се одбива плата од 500 евра, велат подобро им е да седат дома

0

Македонија полека но сигурно останува без квалификувани работници, алармира бизнис секторот. Во моментов над 60% од компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила, а фабриките кубурат со потребен кадар.

Бизнисмените се жалат дека состојбите стануваат загрижувачки. Квалификуваните речиси и да ги нема, а оние што бараат работа, ретко прифаќаат да се преквалификуваат:

Навистина не сакаат да работат со пониски квалификации иако платите кои се нудат се нудат од страна на компаниите се повисоки. Има компании кои што нудат 30.000, но не можат да најдат затоа што сметаат дека подобро им е да седат дома од колку да бараат работа, вели Наташа Јаневска, Стопанската комора на Македонија.

Дополнителен проблем е и тоа што веќе од 1 март Германија ги отвора вратите за земјите од Западен Балкан. Ова дополнително создава страв кај стопанствениците.

Невработените претежно се од професии од општествените науки кои не можат да најдат работа на пазарот на труд и затоа се организираат преквалификации и доквалификации за да можеме да ги вклучиме во работните процеси.

Исто така, тие со високо образование и навистина не сакаат да работат на пониски работни места иако платите што ги нудат компании се високи, па сепак не можат да најадат работници, вели Јаневска.

За проблемот со недостиг на квалификувани работници се свесни и во Агенцијата за вработување. Но, кога се во прашање платите, оттаму без одговор на понудените 14.500 денари во Македонија и над 2.000 евра во Германија.

Министерството за труд и социјална политика како носител на оперативниот план најверојатно ги има вклучено сите субјекти и партнери кои што смета дека ќе дадат ефект во позитивна насока на реализација на оперативниот план, рече Билјана Јовановска директорка на Агенцијата за вработување.

И додека работниците си го бараат чарето вон Македонија, надлежните се обидуваат да ги сменат состојбите, па така повторно подготвиле Оперативен план за вработување.

За годинава тој бил по мерка на бизнисот и неговите совети, но и овој пат во него не се содржани ставовите и советите на образовните институции, што досега беше една од клучните забелешки на експертите.

Целата сторија со видео прилилог проследете ја на ТВ Алфа.

Претходна статијаМорав да заминам во Америка, а син ми да го оставам со татко му – Сега новата жена ми праќа пораки
Следна статија(ВИДЕО) Ирена и Ѓорѓе поставија несекојдневен рекорд