Додека Заев и Мицкоски дискутираа, кај Битола прекинат сообраќајот кон Прилеп и Ресен: Познато што се случува

0

Настанот на вечерта во Македонија дефинитивно е дебатата помеѓу лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. со експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Додека Заев и Мицкоски дискутираа, во битолската населба Баир ситуацијата излегла од контрола, а познато и што се случувало.

Граѓани од околината на населбата Баир со палење на оган поради исклучена струја го прекинаа сообраќајот на автопатот А3 на обиколницата Прилеп-Битола-Ресен, информира Автомотосојузот на Македонија.

-Прекин на сообраќајот на автопатот А3 на обиколницата Прилеп-Битола-Ресен, поточно над населба Баир, со палење на оган од страна на граѓаните од околината поради исклучена електрична енергија, се вели во соопштението на АМСМ.

И на почетокот на месецов беше затворена обиколницата над Битола. И овој пат заради протест на месното население. Информацијата дека обиколницата е затворена за сообраќај ја потврдија и од СВР Битола.

Автомото Сојузот на Македонија известува дека од 12:45 часо на магистралниот пат А-3, Битола – Ресен кај м.в. Баир, поради протест на месното население, се врши пренасочување на сообраќајот преку градот Битола.

Претходна статија(ФОТО) Потегот на вечерта од Заев до Мицкоски – без Груевски ништо
Следна статија(ФОТО) Кулминација на крајот од дебатата, Заев го одби подарокот од Мицкоски