За пет годни стаж , граѓаните кои не можат да остварат право на пензија ќе треба да платат 1.400 евра. Ова го предидува новото законско решение кое на сила стапува на 18 февруари, а ќе почне да се применува од 18 март, но истото ќе важи само за оние на кои им фали стаж до крајот на 2008 година. :
Основицата за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 20% од просечната плата за претходната година од годината во која е поднесено барањето за плаќање на придонес.
Плаќањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување може да го извршат и членовите на семејството заради остварување право на семејна пензија.
Ваква можност имаат само оние лица кои биле о редовен работен однос, биле пензиско осигурани, но дел од стажот не им бил платен, а фирмите пропаднале.
Слична ваква можност беше донесена и во 2015 година, но тогаш ретко кој граѓанин ја искористи.
Од Фондот велат тоа било затоа што претходното законско решение за докуп на стаж од 2015 година, имало ограничено важење од една година, за разлика од ова законско решение кое нема ограничување во важењето.
Претпоставките се дека има околу 60.000 граѓани кои би можеле да ја искористат оваа можност.