Италијански стил и медитеранска архитектура во Источниот дел на Македонија. Да одите во Радовиш или да поминувате низ источна Македонија, а да не застанете во Дајмонд хотел и ресторант, едноставно – многу ќе пропуштите!
Скоцкан е по светски терк, тука можете да го испиете најдоброто италијанско кафе со вкус на македонска атмосфера, зачинета со љубезноста и професионалноста на целиот персонал, кој ви прави чувство на лежерност и уживање.
Повторно Македонците покажаа дека имаат стил и разбирање по светски стандард кога е угостителството во прашање.
Диамантот свети во полн сјај… Браво за идејата, браво за стилот, браво за храброста…
Вреди да се посети и ужива во комплексот, во кој има вложено многу љубов, идеја и нешто што се вика хедонизам на македонски начин. И топлина секако!