Во авион сум за назад во Македонија. Полетавв од главниот град на Нов Зеланд и едвај чекам да стигнам дома.
Не можам да ви објаснам што сè не преживеав. Ќе се обидам во кратки црти.
Потекнувам од мало гратче во нашата држава. (нема да го пишам името на градот, бидејќи ќе ме препознаат).
Минатото лето, во нашето гратче дојде наш сограѓанин кој 17 години живее и работи на Нов Зеланд. Згодно момче, дотерано, образувано. Успеа да ме заведе и јас паднав.
Но како можев да паднам на неговите слатки зборови. Како! Како не успеав да го препознаам тој ,,терсене” карактер. Ете, не успеав. И тоа ме чинеше една година од мојот живот. Фрлена онака без потреба.
А се започна како бајка, романтично, како на филм. Типот имаше изнајмено добра кола, ме шеташе по околните места, бевме во Грција на одмор и се беше супер.
Токму затоа се согласив да полетам со него за Нов Зеланд. Кај ми дадоа виза кај ме запустија. Ама така требало да биде.
Само што стигнавме горе, тој почна да си ги покажува ,,рокчињата”. Демек еве, сега сум на негова милост. Кај ти се сега мама и тато, онака потсмевливо и иритирачки знаеше да ми рече.
Но да беше само тоа. По само два месеци од престојот во неговото мало станче (а ме лажеше дека има куќа), несудениот мој сопруг ми предложи да имеме односи со уште еден пар. Дамла ме удри. Овој настран да ти бил.
Нормално не се согласив, но тој упорно си го тераше своето. И ги донесе дома. Се заклучив во соба и плачев, дури перверзњаците бахато се смееја и претпоставува,м што сè не правеја.
Цело време доаѓаше и ми тропаше на врата и ме убедуваше да им се придружам. Не можев да поверувам што ми се случува. По одредено време почна да ме залажува со пари. Као добро ќе ни плателе.
Не излегов од соба. Следнито ден следуваше страшното. Ме испотепа гадот бидејќи сум го усрамила пред ,,луѓето”. Болесници едни.
Најдов едни наши прекрасни луѓе кои ми дадоа соба и живеев кај нив два месеци. За возврат им ја чистев куќата и успеав да дојдам до пари за да купам билет за назад.
Сега сум во авион и сум пресреќна. Оставам зад мене една тажна епизода од животот, која ќе ми биде за памет.
И.П. Фото: Илустрација
Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.