(ФОТО) Злобната свекрва Есма Султан е сосема поинаква жена во приватноста

0

Турската актерка Ипек Билгин (63), која ја глуми лошата свекрва во серијата „Истанбулската невеста“, во интервју за магазинот „Глорија“ открива дека по сериозната театарска кариера, се посветила на сапуници и станала позната низ цела Европа.

Да не беа костимите и фризурите и најмногу талентот и големото искуство, светлата страна на насмеаната актерка Ипек Билгин ќе беше напорно да се прикрие под притисок да ја препознаете г-ѓа Есма, главната дама на семејството Боран од „Истанбулската невеста“, во која глуми мајката на Фарук и лошата свекрва на снаата Суреја која раководи со животот на своите четворица синови.

Во нејзината родна земја, Ипек Билгин е добро позната театарска актерка и режисерка, која заедно со нејзиниот покоен сопруг, театарскиот режисер Кањел Халишкур, одбележаа ера. Како долгогодишна професорка на академијата за уметност во Анкара, таа денес создаде многу познати турски актери.

По пензионирањето, таа одлучи да го промени животот. Ипек се пресели од Анкара во Истанбул и започна да снима серии, го одби класичниот театар и се прнасочи на експериментална глума.

Со нејзината ќерка Чаг, исто така театарски режисер, таа ја основаше Школата за експериментална глума и театар во 2011 година. Сепак, поради интензивното снимање на „Истанбулската невеста“ и веќе најавените епизоди од следната сезона, немала време за други проекти.

Госпоѓа Ипек е многу поразлична од Есма Султан, активна е дури и на социјалните мрежи, а погледнете дел од нејзините приватни фотографии од кои ќе се изненадите од ведрото лице и насмевката, што речиси и да ги нема во улогата на Есма.

Претходна статијаДоколку ги направите овие работи во новогодишната ноќ ќе привлечете многу пари
Следна статијаДетенце си ги грее ножињата на ауспух – фотка која го расплака светот (ФОТО)